Студенти од Факултетот за дизајн и мултимедија во посета на „Лице в лице“: Младински активизам, дизајн и интегритет
Студенти од трета година од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН, денеска беа во посета на „Лице в лице“, во рамки на едукативна средба посветена на младинскиот активизам, дизајн и интегритет.
Настанот имаше за цел да ги доближи студентите до практичната работа на независен и непрофитен медиум, како и да им понуди конкретни можности за вклучување во општествено корисни креативни иницијативи.
„Лице в лице“ како социјално претпријатие и медиум со мисија
Оваа посета им даде можност на студентите да се информираат за историјатот на „Лице в лице“, неговиот развој како социјално претпријатие и улогата што ја има како независен, непрофитен медиум во изминативе 13 години. Посебен акцент беше ставен на работата со ранливи групи како наши продавачи, како и на етичкото новинарство и создавањето позитивни општествени промени преку медиумите, креативни иницијативи и вклучување на публиката.
„Лице в лице“ со интегритетот – можност за млади креативци
Беше претставен повикот „Лице в лице“ со интегритетот, кој е насочен кон млади уметници, дизајнери и креативци. Студентите се запознаа со можностите за нивно активно учество, практична соработка и придонес преку визуелни решенија, илустрации и креативни кампањи со општествена вредност.
Водени од професорите Јасмина Трајкоска Наумоска и Милош Милосављевиќ, студентите беа поттикнати да размислуваат за студентите беа поттикнати да размислуваат за вклучување во креативни активности кои ќе ја кренат свеста за младинскиот активизам и улогата на визуелната комуникација во поддршка на ранливите групи, како и за значењето на дизајнот како алатка за општествени промени.

Отворена дискусија и следни чекори
Средбата заврши со интерактивна дискусија, прашања и одговори, при што студентите покажаа голем интерес за практичните аспекти на работата во независен медиум и за улогата на дизајнот во активизмот. Средбата заврши со заложба за идна соработка помеѓу „Лице в лице“ и ФОН.
Оваа посета претставува пример за успешно поврзување на академската заедница со реалниот сектор, поттикнувајќи ги младите да ја користат својата креативност за јавен интерес, интегритет и општествена одговорност.

Одговорете го прашалникот.

- Светски ден на креативноста и иновациите: Повик за мапирање на македонските социјални претпријатија
- Од тишина до акција: Работилница за родови дезинформации и онлајн безбедност за млади
- Апокалипса во доба на „Бриџертон“
- Кој ја слуша женската сцена? „Женски Земјотрес Битола“ отвора простор за гласовите што недостигаат
- Книгите излегуваат на плоштад: Скопје го слави Светскиот ден на книгата со бесплатни изданија и настани