Мировно образование: како да изградиме мостови, таму каде што другите подигнуваат ѕидови?
Од Газа до македонските училници - зошто мировното образование станува клучна алатка за иднината. По 34 години посветена работа, и 15 години активно дејствување во областа на мировното образование, „Меѓаши“ покажува дека мирот не е апстракција, туку вештина што се учи.