прогласување победници Џифони

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ и „Шефот и слаткото девојче“ ги освоија младите џифонци на „Џифони Македонија“

Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума е прогласен за најдобар игран филм од жирито на сениорите и кадетите на 14. „Џифони Македонија“. Јуниорите за најдобар игран филм го избраа „Шефот и слаткото девојче“ на Андреа Порпорати. Фестивалот заврши со презентација на филмовите, музиката и другите дела што младите ги создаваа во текот на петте фестивалски дена.
Продолжи
По пет дена филмски проекции, дискусии и креативни работилници, џифонци вечерва во „Фросина“ ќе ги покажат своите дела, а ќе бидат избрани и учесниците што ќе ја претставуваат Македонија на „Џифони“ 2027.

Пет дена филм, идеи и креативност: вечерва се затвора 14. „Џифони Македонија“

Четиринаесеттото издание на „Џифони Македонија“ завршува вечерва во киното „Фросина“, каде младите учесници ќе ги претстават филмовите и делата создадени на работилниците, а ќе бидат прогласени и најдобрите филмови на фестивалот.
Продолжи
Богат викенд со работилници, разговори и филмови имаа учесниците на 14. Младински филмски фестивал „Џифони Македонија“. Денеска ги привршуваат работилниците и идеите, а резултатите ќе ги претстават утревечер на свеченото затворање на фестивалот.

Дума, Багашов и Ситниковски со младите џифонци: филмот продолжува и по одјавната шпица

Дина Дума, Ханис Багашов и Трифун Ситниковски беа меѓу македонските филмски автори кои викендов се сретнаа со младите учесници на „Џифони Македонија“. Од „Скејтбордингот не е за девојчиња“ и „Кучињата немаат соништа“ до „Шега“ – филмовите беа повод за разговори, прашања и споделување искуства со младата публика.
Продолжи
Џифони Македонија - публика

Што им изгледа невозможно на младите? „Џифони Македонија“ вечерва го отвора 14. издание

Со проекција на италијанскиот филм „Лагат – Невозможен сон“ вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ почнува 14. издание на „Џифони Македонија“. Фестивалот годинава носи повеќе од 80 филмови, осум работилници и над 400 млади учесници.
Продолжи
„Џифони Македонија“ 2026: Филмови, млади и „Невозможните нешта“

Над 400 млади на „Џифони Македонија“: фестивалот годинава ги истражува „Невозможните нешта“

Од 24 до 29 септември, 14. издание на младинскиот филмски фестивал носи повеќе од 80 филмови, осум работилници и средби на младата публика со филмски автори од Македонија и Европа. Што...
Продолжи

Шведски и руски филм најдобри на „Џифони Македонија“

„Шведскиот филм ‘Престолонаследникот и враќањето на Тиранинот’ и рускиот ‘Од почеток’ се прогласени за најдобри на 13. Џифони Македонија, додека младите режисери ги претставија своите кратки филмови и таленти на последната вечер од фестивалот.“
Продолжи