Клик - нова иницијатива за е-издаваштво на Паноптикум

Повеќе од 160 необјавени книги ќе добијат дигитален живот: започнува нова македонска е-издавачка иницијатива

Повеќе од 160 досега необјавени книги ќе бидат дигитализирани и постепено објавувани преку новата е-издавачка платформа „Клик“, дел од Паноптикум. Првото издание е поетската книга „Во заумност сосе стварност“, а иницијативата има цел да зачува и направи достапни авторски архиви што со години останале надвор од јавноста.
Продолжи