Дума, Багашов и Ситниковски со младите џифонци: филмот продолжува и по одјавната шпица
Дина Дума, Ханис Багашов и Трифун Ситниковски беа меѓу македонските филмски автори кои викендов се сретнаа со младите учесници на „Џифони Македонија“. Од „Скејтбордингот не е за девојчиња“ и „Кучињата немаат соништа“ до „Шега“ – филмовите беа повод за разговори, прашања и споделување искуства со младата публика.