Со отворен ден за деца и семејства, дневниот центар „Гнездо“ одбележува една година работа
Дневниот центар „Гнездо“, кој работи во рамки на Здружението „Новинари за човекови права“, одбележува една година од своето основање со Отворен ден што ќе се одржи на 16 мај во Скопје. Настанот ќе понуди интерактивни и едукативни активности за деца и семејства, со цел промоција на заедништвото, инклузијата и поддршката на ранливите категории.