Општествен проблем, а не лична трагедија – како известуваме за животот на маргините?
Начинот на кој зборуваме за бездомништвото и сиромаштијата влијае врз јавната перцепција и односот кон луѓето што живеат во такви услови. Насоките на „Лицеулице“ нудат практични препораки за известување без стигматизација, стереотипи и сензационализам, со фокус на достоинството на луѓето и на системските причини за сиромаштијата и бездомништвото.