„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера во Токио
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски на 30 октомври ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот, кој се случува во современа Македонија, преку црн хумор и сатира ја следи приказната на брат и сестра кои се борат за опстанок на маргините на општеството.