„Букстар“ 2026 прашува „Чуму слободата?“: три дена книжевни средби, дебати и европски автори во Скопје
Три дена, повеќе од 30 македонски учесници и автори од Европа го носат BookStar 2026 во Скопје под мотото „Чуму слободата?“ / „FREE AT LeAST?“. Програмата од 28 до 30 септември отвора разговори за слободата, личната и колективната меморија, книжевноста, историјата и светот што го менуваат технологијата и вештачката интелигенција.