Од идеја до глобален пазар: четири дена Скопје ќе биде во знакот на стартапите, младите основачи и вештачката интелигенција
Од првиот клиент и добра бизнис идеја до инвестиции, АИ агенти и глобален раст, Startup Revolution AI Summit 2026 во Скопје ги поврзува младите основачи со инвеститори, ментори и компании кои веќе поминале дел од патот. Во програмата се и Startup Live Launch, Investor Kafana и регионален квалификациски натпревар за Startup World Cup.