Филмот на Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ селектиран во главната натпреварувачка програма на фестивалот „Трибека“ во Њујорк
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е избран во International Narrative Competition на фестивалот Трибека во Њујорк. Филмот ја следи приказната на девојче од Шуто Оризари кое се соочува со ограничувањата на традицијата и сопствените соништа за слобода.