Буквите не се само знаци, тие се чувство, припадност и културна меморија
„Златото во оваа изложба не симболизира богатство, туку вредност која не бледее — како јазикот и наследството. Сакам посетителите повторно да ја почувствуваат магијата на пишаниот знак, она чувство кога една буква може да биде и корен, и глас, и лична приказна“, вели уметницата Маја Танева по повод изложбата „Македонска златна азбука“.