Пораката на 41. издание која е проткаена низ страниците на овој број, во својот фокус го има руралниот развој кој локалните потенцијали ги гледа како одговор на локалните предизвици. Со содржината ја реоткриваме и се воодушевуваме на својата земја, но, и заклучуваме дека сме затрупале и направиле невидлива една огромна планина од можности.

Ви благодариме што заеднички ја движиме промената.


АКТУЕЛНО ВО 41.БРОЈ НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ:


6 „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ПРЕКУ ВЕБ-ПРОДАВНИЦА – СО ПОДАРОК И СО ДОСТАВА
Веб-продавницата kupi.licevlice.mk се покажа како добро решение и за продавачите што остануваат „да работат од дома“, а сега најдовме начин и да ги ангажираме и мотивираме

ЛОКАЛНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАКО ОДГОВОР НА ЛОКАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
На долг рок пандемијата може да ги промени шемите на производство и на консумација, да го зголеми фокусот на работа од дома, но, отвора и нови начини за развој на руралните средини, што е едно од потенцијалните решенија за клучните глобални предизвици како климатските промени и постигнувањето одржливост

11  НУРКАЊЕ ВО ЗАБОРАВЕНОТО: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА БОИ, АРОМИ И НА ВКУСОВИ!

Храната во комбинација со планината и со чистиот воздух е потенцијалот што како земја го имаме, но сме го запоставиле. Овде лежи и основата за рурален развој базиран на нашата автентичност
 
18 
ХЕРОИТЕ НА ШАРА ГО ВРАЌААТ ЖИВОТОТ НА ПЛАНИНАТА

Ајде да замислиме дека „ Нетфликс“ за 10 години има хит-серија за локалните херои што ја спасија Шар Планина од (само)уништувачката рака на капитализмот, алчноста, неодговорноста, себичноста. Овде претставуваме дел од епизодите, а вие пишете ни на licevlice@ public.org.mk за вашето гледање, вашето сценарио за заштитата на Шара, но и на многу други подрачја во земјава, кои заслужуваат внимание и зачувување

40 ЖИВОТ НА СЕЛО – ЧЕКОР КОН САМООДРЖЛИВОСТ

Одржливиот стил на живот бара начини да произведеместруја, хра на, природна градба. За многумина е тешко, бидејќи им се наметнати навиките на „ модерното време“ каде што сѐ ни е достапно

Купувајќи го „Лице в лице" им помагате на многумина.
Читајќи го „Лице в лице" си помагате себе си!

Пишете ни на licevlice@public.org.mk