„Пред пет го­ди­ни имав нор­мал­на бре­ме­ност. Ро­див здра­во мом­че. Но, во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни, два­та оби­да на­ше­то се­мејс­тво да се про­ши­ри за уште еден член за­вр­ши­ја не­ус­пеш­но, и тоа на иден­ти­чен на­чин. Со за­пи­ра­ње на ср­це­ва­та ак­ци­ја на пло­дот во де­вет­та­та не­де­ла. Ис­пи­ту­ва­ња­та по­ка­жаа не тол­ку се­ри­оз­ни проб­ле­ми со кр­вта, кои, очиг­лед­но, не би­ле опас­ност при пр­ва­та бре­ме­ност.

Се­га не­што е сме­не­то. Из­ми­на­ти­те че­ти­ри-пет го­ди­ни не­што се про­ме­ни­ло во ат­мо­сфе­ра­та. Над­во­реш­ни­от фа­ктор, ме­ѓукој и за­га­ду­ва­ње­то, се про­ме­нил, па го акти­ви­рал овој на­ви­дум не тол­ку се­ри­о­зен здрав­ствен проб­лем. Тоа бе­ше од­го­во­рот што го до­бив од по­ве­ќе­то ле­ка­ри. Здрав­стве­ни­от проб­лем, кој се нас­ле­ду­ва ге­нет­ски, го има­лe и мо­ја­та мај­ка, мо­ја­та ба­ба, но за не­го во­оп­што не би­ле свес­ни би­деј­ќи ни­ко­гаш не им го за­гро­зил жи­во­тот. Се­га, јас се чув­ству­вам ка­ко тем­пи­ра­на
бом­ба, ко­ја не­на­деј­но мо­же да ја акти­ви­ра за­га­ду­ва­ње­то“.

Ова е бол­но­то искус­тво на на­ша­та со­го­вор­нич­ка, 32-го­диш­на скоп­јан­ка. Таа ве­ли де­ка ста­пи­ла во кон­такт со го­лем број же­ни, на кои до­кто­ри­те, исто та­ка, им го по­со­чи­ле за­га­ду­ва­ње­то ка­ко мо­жен при­чи­ни­тел на спон­та­ни­те абор­ту­си.

Де­ца­та се пр­ви на удар на за­га­ду­ва­ње­то

Ле­ка­рот и еко­ло­шки акти­вист Не­над Ко­циќоб­јас­ну­ва де­ка за­га­ду­ва­ње­то мо­же да би­де по­губ­но за труд­ни­ци­те.
- Вли­ја­ни­е­то на за­га­ду­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на врз зго­ле­му­ва­ње­то на бро­јот на спон­та­ни абор­ту­си е ме­ди­цин­ски до­ка­жа­но, но и мно­гу ло­гич­но. Мно­гу штет­ни ма­те­рии се та­ло­жат во пла­цен­та­та на бре­ме­на­та же­на, по што до­а­ѓа до неј­зи­но оште­ту­ва­ње и до абор­ти­ра­ње на пло­дот. За­ед­но со де­ца­та и во­зрас­ни­те лу­ѓе, бре­ме­ни­те же­ни се нај­чув­стви­тел­на­та гру­па во за­ед­ни­ца­та. Пло­дот што го но­сат е во по­сто­јан раз­вој и штет­ни­те аген­си од око­ли­на­та нај­сил­но се чув­ству­ва­ат ток­му кај не­ро­де­ни­те де­ца, со абор­тус или кон­ге­ни­тал­ни мал­фор­ма­ции - ве­ли д-р Ко­циќ.

Спо­ред над­леж­ни­те, за­гре­ва­ње­то е нај­го­ле­ми­от за­га­ду­вач

Алар­мот за енорм­но за­га­ду­ва­ње­то во зем­ја­ва е вклу­чен ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни, од­нос­но уште ко­га Скоп­је, Би­то­ла и Те­то­во се нај­доа на ли­ста­та на де­сет­те нај­за­га­де­ни гра­до­ви во све­тот. Спо­ред си­те сту­дии на Ми­ни­стерс­тво­то за жи­вот­на сре­ди­на и про­стор­но пла­ни­ра­ње (МЖСПП) за­гре­ва­ње­то на до­ма­ќинс­тва­та и на јав­ни­те об­је­кти е нај­го­ле­ми­от за­га­ду­вач, а исто­то твр­де­ње е на­ве­де­но и во вла­ди­на­та „Про­гра­ма за на­ма­лу­ва­ње на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то“.

„Си­те ана­ли­зи и на­о­ди спро­ве­де­ни до­се­га ука­жу­ва­ат де­ка гре­е­ње­то е нај­го­ле­ми­от
за­га­ду­вач на воз­ду­хот и во Скоп­ска­та Кот­ли­на. Ва­кви­те на­о­ди се по­твр­ду­ва­ат и во сту­ди­ја­та изра­бо­те­на од стра­на на Фин­ски­от ме­те­о­ро­ло­шки ин­сти­тут во рам­ки­те на тви­нинг-про­е­ктот со МЖСПП ка­де што е прес­ме­та­но де­ка ду­ри 90 про­цен­ти од вкуп­ни­те еми­сии на ПM че­стич­ки­те до­а­ѓа­ат од за­гре­ва­ње­то (огрев­но др­во)“, се на­ве­ду­ва во вла­ди­на­та про­гра­ма.

От­та­му до­да­ва­ат де­ка, по­крај гре­е­ње­то, и из­во­ри­те на за­га­ду­ва­ње­то од дру­ги­те
се­кто­ри во­оп­што не се за за­не­ма­ру­ва­ње и за пот­це­ну­ва­ње.

„От­па­дот и ди­ви­те де­по­нии, ка­ко и нив­но­то па­ле­ње, по­тоа ин­ду­стри­ски­те ка­па­ци­те­ти, гра­деж­на­та екс­пан­зи­ја и не­по­чи­ту­ва­ње­то на пра­ви­ла­та за гра­де­ње, мно­гу­број­ни­те не­у­ре­де­ни по­вр­ши­ни од кои се кре­ва прав, ка­ко и со­о­бра­ќа­јот ја на­до­пол­ну­ва­ат комп­лекс­но­ста на пре­диз­ви­кот и ги ди­вер­зи­фи­ку­ва­ат при­чи­ни­те за за­га­ду­ва­ње­то и го отеж­ну­ва­ат про­це­сот за негово ре­ша­ва­ње“, ве­лат од вла­да­та.

Илустрација: Зоран Инадески


Спо­ред ин­фор­ма­ции на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Еко­ге­ри­ла“ од Те­то­во, кои истра­жу­ва­ле во По­ло­шки­от ре­ги­он, 32 јав­ни ин­сти­ту­ции што се гре­ат на ма­зут за­га­ду­ва­ат кол­ку 6.000 до­ма­ќинс­тва. За­ме­ник-ми­ни­сте­рот за жи­вот­на сре­ди­на и за про­стор­но пла­ни­ра­ње Ја­ни Ма­кра­ду­ли из­ја­ву­ва де­ка по­сто­јат че­ти­ри раз­лич­ни сту­дии за за­га­ду­ва­ње­то, кои ука­жу­ва­ат де­ка во Скоп­ски­от ре­ги­он, во Би­то­ла и во Те­то­во нај­го­лем из­вор на за­га­ду­ва­ње е до­маш­но­то за­топ­лу­ва­ње.

Ако за­топ­лу­ва­ње­то е нај­го­лем проб­лем, мо­же­те да има­те за­топ­лу­ва­њешто не за­га­ду­ва - стру­ја, гас или да се прик­лу­чи­те на пар­но. Си­те ди­ре­кти­ви на ЕУ, се во тој пра­вец - по­се­бен план за прик­лу­чу­ва­ње на пар­но, сти­му­ли­ра­ње суб­вен­ции за ин­вер­то­ри. Не по­стои ме­ха­ни­зам да го зе­ме­те воз­ду­хот и да го од­не­се­те не­ка­де и за­тоа овој план е до­бар за­што тоа е единс­тве­на­та мер­ка да се со­о­чи­те со из­во­ри­те на за­га­ду­ва­ње - ве­ли Ма­кра­ду­ли.

 За еко­а­кти­ви­сти­те глав­ни­от ви­нов­ник е ин­ду­стри­ја­та

Еко­ло­шки­те акти­ви­сти, пак, глав­ни­от ви­нов­ник за за­га­ду­ва­ње­то го гле­да­ат во ин­ду­стри­ски­те ка­па­ци­те­ти, фа­бри­ки­те, кои ра­бо­тат без со­од­вет­ни фил­три, де­по­ни­и­те, но и сом­не­жи­те за увоз на стран­ски от­пад, кој, на­вод­но, не­ле­гал­но се уни­шту­ва во зем­ја­ва.

И до­де­ка си­те си ја пре­фр­ла­ат топ­ка­та на од­го­вор­ност, бол­ни­ци­те се пре­пол­ни со па­ци­ен­ти.

За­га­де­ни­от воз­дух се со­стои од по­ве­ќе раз­лич­ни ор­ган­ски и од не­ор­ган­ски че­стич­ки. Дел од нив се ПМ че­стич­ки­те, ги ви­ка­ме ПМ 10 би­деј­ќи се де­сет ми­кро­ме­три во ди­ја­ме­тар и се во нај­го­лем број. Има че­стич­ки што се од два и пол до пет ми­кро­ме­три со сред­на го­ле­ми­на и има по­ма­ли од еден ми­кро­ме­тар, кои до­а­ѓа­ат до нај­ма­ли­те диш­ни па­ти­шта т.н. ал­ве­о­ли. Тие се штет­ни и пре­диз­ви­ку­ва­ат кар­ци­ном на бе­ли­те дро­бо­ви. По­круп­ни­те че­стич­ки, глав­но, се за­др­жу­ва­ат во но­сот и на слу­зо­ко­жа­та од очи­те, ка­ко и во брон­хи­јал­но­то стеб­ло и кај здра­ви ис­пи­та­ни­ци.
- Не мо­же да го иск­лу­чи­ме вли­ја­ни­е­то на ае­ро­за­га­ду­ва­чи­те за кар­ци­но­мот на бе­ли дро­бо­ви, но има и дру­ги при­чи­ни. Но, тоа што мо­жам да го ка­жам е де­ка кај ва­кви­те па­ци­ен­ти, ПМ че­стич­ки­те, кои се мно­гу ма­ли, се де­по­ни­ра­ат најд­ла­бо­ко во диш­ни­те па­ти­шта, а мо­же и во ал­ве­о­ли­те и за нив по­сто­јат сту­дии де­ка мо­жат да би­дат еден од фа­кто­ри­те за кар­ци­ном - ве­ли д-р Де­јан До­киќ, ди­ре­кто­рот на Кли­ни­ка за пул­мо­ло­ги­ја.

До­кто­рот До­киќ по­јас­ну­ва де­ка нај­под­лож­ни на за­га­ду­ва­ње­то се де­ца­та, по­во­зрас­ни­те и па­ци­ен­ти­те со хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња.
- Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е при­чи­на, осо­бе­но ПМ че­стич­ки­те, за вло­шу­ва­ње на со­стој­ба­та кај па­ци­ен­ти со хро­нич­ни рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти, ка­ко што се аст­ма, пнев­мо­ни­ја, хро­нич­на оп­стру­ктив­на бе­ло­дроб­на бо­лест, гор­но­рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции, на­стин­ки, кар­ди­о­ло­шки за­бо­лу­ва­ња, кар­дио-пул­мо­нал­ни проб­ле­ми, ин­фаркт, кар­ди­о­ми­о­па­тии… Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, освен што кај здра­ви­те лу­ѓе пра­ви не­кое лес­но вос­па­ле­ние и, мо­же­би, предизвикува не­кои симп­то­ми, де­фи­ни­тив­но ја вло­шу­ва со­стој­ба­та кај па­ци­ен­ти со хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња, а се вло­шу­ва­ат и алер­ги­и­те. Се сме­та де­ка ае­ро­за­га­ду­ва­чи­те вли­ја­ат и на са­ми­те алер­ге­ни та­ка што ја наг­ла­су­ва­ат нив­на­та агре­сив­ност, од­нос­но алер­ге­ност врз чо­ве­кот и за­тоа и ги вло­шу­ва­ат симп­то­ми­те кај овие па­ци­ен­ти - ве­ли До­киќ.
Илустрација: Зоран Инадески



Стап­ка­та на смрт­ност е нај­ви­со­ка во зи­ма

Проб­ле­мот со за­га­ду­ва­ње­то е стар ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни, но во 2016 го­ди­на, ко­га се по­ја­ви­ја шпе­ку­ла­ци­и­те за увоз на стран­ски от­пад за уни­шту­ва­ње, пра­те­ни­кот Ре­џеп Ме­ме­ди, по про­фе­си­ја ле­кар, из­ја­ви де­ка ка­ко пос­ле­ди­ца на пер­ма­нент­но­то за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот, во­да­та и на поч­ва­та, се за­гро­зу­ва жи­во­тот на по­ве­ќе од 7.000 жи­те­ли на оп­шти­на Ба­тин­це, најб­ли­ско­то на­се­ле­но ме­сто до скоп­ска­та де­по­ни­ја „Дрис­ла“.
- Мо­жам да по­твр­дам и да по­све­до­чам де­ка има зго­ле­му­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни­те за­бо­лу­ва­ња кај овие жи­те­ли - ве­ле­ше Ме­ме­ди за ме­ди­у­ми­те.  

До­кто­рот Ме­ме­ди и се­га из­ја­ву­ва де­ка си­ту­а­ци­ја­та не е сме­не­та.
- Трен­дот на за­бо­ле­ни про­дол­жу­ва. За жал, мо­и­те то­гаш­ни сом­не­ва­ња се по­ка­жаа ка­ко точ­ни - ни из­ја­ви Ме­ме­ди.

Гра­до­на­чал­ни­кот на Сту­де­ни­ча­ни, Азем Са­ди­ку, пак, ве­ли де­ка тој не е ин­фор­ми­ран за ва­кви­те алар­мант­ни по­да­то­ци.

Истра­жу­ва­ње­то на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је, спро­ве­де­но во рам­ки­те на тви­нинг-про­е­ктот под­др­жан од Европ­ска­та уни­ја за на­та­мош­но за­си­лу­ва­ње на ка­па­ци­те­ти­те за ефе­ктив­но спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­но­дав­ство­то на ЕУ во об­ла­ста на ква­ли­те­тот на воз­ду­хот, по­ка­жу­ва де­ка три гру­пи бо­ле­сти во зем­ја­ва се во ди­рект­на ко­ре­ла­ци­ја со по­сто­ја­но­то при­сус­тво на ви­со­ки­те кон­цен­тра­ции на ПМ 2,5 че­стич­ки­те во воз­ду­хот.

„Од 30 до 35 от­сто од бо­ле­сти­те се ја­ву­ва­ат ка­ко пос­ле­ди­ца од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. На­ши­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка стап­ка­та на смрт­ност е нај­ви­со­ка во зим­ски­от пер­и­од, ко­га, всуш­ност, се нај­ви­со­ки и кон­цен­тра­ци­и­те на штет­ни ма­те­рии во воз­ду­хот. Си­те овие го­ди­ни, во про­сек, го­диш­но се гу­бат по око­лу 1.300 жи­во­ти по­ра­ди ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Во од­нос на бо­ле­сти­те што се во ди­рект­на ко­ре­ла­ци­ја со за­га­ду­ва­ње­то, ста­ну­ва збор за три го­ле­ми гру­пи за­бо­лу­ва­ња, и тоа: ис­хе­мич­на бо­лест на ср­це­то, мо­зо­чен удар и рак на бе­ли­те дро­бо­ви. Овие бо­ле­сти, кои се пос­ле­ди­ца од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, се во­деч­ка при­чи­на за смрт на по­драч­је­то на Ма­ке­до­ни­ја“, се на­ве­ду­ва во истра­жу­ва­ње­то.

До­кто­рот и акти­вист Ко­циќ об­јас­ну­ва и де­ка е по­треб­на кон­ти­ну­и­ра­на ак­ци­ја од си­те ин­вол­ви­ра­ни стра­ни за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то.

- По­треб­но е 24-ча­сов­но сле­де­ње на ра­бо­та­та на фа­бри­ки­те, кон­тро­ла на гре­е­ње
на до­ма­ќин­ска­та и ре­дук­ци­ја на со­о­бра­ќа­јот. Бор­ба­та за чист воз­дух е дол­го­трај­на и не мо­же да се ре­ши со вол­шеб­но стап­че, но тре­ба да се вклу­чат си­те и гра­ѓа­ни­те и ин­ду­стри­ја­та и ин­сти­ту­ци­и­те за да би­де ефи­кас­на -  ве­ли Ко­циќ.

Илустрација: Зоран Инадески

Ду­ри 70 от­сто од ср­це­ви­те за­бо­лу­ва­ња се пре­пи­шу­ва­ат на за­га­де­ни­от воз­дух.

Де­ка со се­кој зе­мен здив не го вку­су­ва­ме жи­во­тот, ту­ку сме поб­ли­ску до не­кое
за­бо­лу­ва­ње, кон­ста­ти­ра­ла и д-р Мир­ја­на Ди­мов­ска од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је.

Неј­зи­на­та до­ктор­ска ди­сер­та­ци­ја „Примена на методите за проценка на ризик во услови на високо урбано аерозагадување во РМ" по­ка­жу­ва де­ка го­диш­но, во про­сек, 1.205 ли­ца во Скоп­је и 265 во Те­то­во уми­ра­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на за­га­де­ни­от воз­дух. На овие ли­ца жи­вот­ни­от век, во про­сек, им бил скра­тен за 25 го­ди­ни. За 40 про­цен­ти од лу­ѓе­то што за­бо­ле­ле и што по­чи­на­ле од рак на бе­ли дро­бо­ви при­чи­на­та би­ло ток­му ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то.

Но, штет­ни­те ПМ 10 и ПМ 2,5 че­стич­ки не ги на­па­ѓа­ат са­мо диш­ни­те па­ти­шта.

Ду­ри 70 от­сто од ср­це­ви­те за­бо­лу­ва­ња се при­пи­шу­ва­ат на за­га­де­ни­от воз­дух, а кон­стант­на­та из­ло­же­ност на штет­ни­те че­стич­ки про­пор­ци­о­нал­но го зго­ле­му­ва и ри­зи­кот од мо­зоч­ни уда­ри.

- Не се афектирани са­мо рес­пи­ра­тор­ни­те органи, афе­кти­ра­ни се крв­ни­те са­до­ви на ср­це­то, крв­ни­те са­до­ви на мо­зо­кот, та­ка што мо­зоч­ни­от удар е нај­чест здрав­ствен ре­зул­тат што го сре­ќа­ва­ме во ус­ло­ви на ва­ква дол­го­трај­на из­ло­же­ност.

Во од­нос на кар­ци­но­мот, ду­ри 40 про­цен­ти од тие што за­бо­ле­ле и по­чи­на­ле од кар­ци­ном на бе­ли дро­бо­ви мо­же да се при­пи­шат на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то- ве­ли Ди­мов­ска.

Прес­ме­тки­те ве­лат, до­кол­ку си­те ли­ца што по­чи­на­ле од кан­цер на бе­ли­те дро­бо­ви би­ле из­ло­же­ни на са­мо 25 ми­кро­гра­ми штет­ни че­стич­ки, кол­ку што е и европ­ски­от про­сек, то­гаш би за­чу­ва­ле 4.000 го­ди­ни здрав жи­вот, а тие, пак, со бо­ле­сти на ср­це­то би про­жи­ве­е­ле уште 28.000 го­ди­ни здрав жи­вот.

- Прес­ме­тав­ме де­ка 50 до 60 про­цен­ти од бо­ле­сти­те, од­нос­но од смрт­но­ста што се при­пи­шу­ва на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, мо­же да се на­ма­лат ако се по­стиг­нат гра­нич­ни­те вред­но­сти на Европ­ска­та уни­ја - до­да­ва Ди­мов­ска.

Таа по­јас­ну­ва и де­ка истра­жу­ва­ње­то е пра­ве­но врз по­да­то­ци од 2012 го­ди­на до 2017 го­ди­на, а ве­ќе се под­го­тву­ва и за но­во, но, ка­ко што ве­ли, за жал, по­тра­га­та
по ста­ти­стич­ки по­да­то­ци оди мно­гу бав­но. 

Да се ме­ну­ва­ат на­ви­ки­те и раз­мис­лу­ва­ње­то де­ка друг е ви­но­вен

Во те­кот на зи­ма­ва ре­чи­си не­ма мер­ни ста­ни­ци што го ме­рат ква­ли­те­тот на воз­ду­хот, а да не по­ка­жа­ле зго­ле­ме­ни вред­ност по­ве­ќе од доз­во­ле­ни­те 50 ми­кро­гра­ми штет­ни че­стич­ки.

На 21 ја­ну­а­ри, во Го­сти­вар бе­ше из­ме­ре­на ре­корд­на за­га­де­ност на воз­ду­хот, не­ве­ро­јат­ни 983 µg/m3. По­крај шо­кант­на­та вред­ност, за спо­ме­ну­ва­ње е и фа­ктот де­ка штет­ни­те че­стич­ки поч­на­ле да рас­тат во два ча­сот по пол­ноќ, а не­ка­де во утрин­ски­те ча­со­ви, пред раз­де­ну­ва­ње, се на­ма­ли­ле.

Ако се сле­ди ло­ги­ка­та на по­да­то­ци­те на МЖСПП, де­ка до­ма­ќинс­тва­та се нај­го­лем за­га­ду­вач, тоа би зна­че­ло де­ка си­те го­сти­вар­ци ста­на­ле во два ча­сот по пол­ноќ и ги за­па­ли­ле сво­и­те ќум­би­ња. Се­пак, сом­не­жи­те на жи­те­ли­те на овој град се де­ка ток­му но­ќта, ко­га ре­чи­си си­те се во дла­бок сон, се „раз­ра­бо­ти­ла“ не­ко­ја фа­бри­ка,
или бил за­па­лен от­пад.
И до­де­ка над­леж­ни­те кре­ва­ат ра­ме­на и не се ос­ме­лу­ва­ат да ги ло­ци­ра­ат
глав­ни­те за­га­ду­ва­чи, струч­ња­ци­те од странс­тво апе­ли­ра­ат де­ка за да се по­бе­ди за­га­ду­ва­ње­то, по­крај кон­тро­ла­та на от­па­дот и не­го­во­то упра­ву­ва­ње, тре­ба да се ме­ну­ва­ат и на­ви­ки­те на лу­ѓе­то, мен­та­ли­те­тот, раз­мис­лу­ва­ња­та де­ка не­кој друг е ви­но­вен, да се над­ми­нат пре­дра­су­ди­те де­ка ве­ло­си­пе­ди во­зат са­мо по­си­ро­маш­ни­те гра­ѓа­ни и слич­но.

За да се све­де на ми­ни­мум за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, во Фин­ска си­те има­ле
актив­но учес­тво, а вла­да­та пре­зе­ла нај­стро­ги мер­ки. Ед­на од тие мер­ки
би­ла исфр­ла­ње од упо­тре­ба на ста­ри­те во­зи­ла.


Во Ир­ска, пак, по за­бра­на­та за пу­ше­ње во за­тво­ре­ни про­сто­рии, се прес­ме­та­ло де­ка про­цен­тот на смрт­ност од ин­ди­рект­но пу­ше­ње пад­нал за 13 про­цен­ти кај це­ло­то на­се­ле­ние, а ср­це­ви­те уда­ри се на­ма­ли­ле за 26 от­сто.

Во 1996 го­ди­на, за вре­ме на Олим­пи­ски­те игри во Ат­лан­та, ко­га по­го­лем дел од гра­дот 17 де­на бил за­тво­рен за со­о­бра­ќај, про­цен­тот на де­ца што по­се­ти­ле бол­ни­ца по­ра­ди аст­ма пад­нал за 40 про­цен­ти. Го­лем пад на бо­ле­сти­те и на ср­це­ви­те уда­ри бил за­бе­ле­жан и во Пе­кинг, ко­га на два ме­се­ца пред по­че­то­кот на Олим­пи­ски­те игри би­ле за­тво­ре­ни го­лем број фа­бри­ки и бил огра­ни­чен со­о­бра­ќа­јот.

ЕУ не­ма то­ле­ран­ци­ја за за­га­ду­ва­чи­те


До­кол­ку зем­ја­ва са­ка на­ско­ро да му се прик­лу­чи на европ­ско­то се­мејс­тво, ќе мо­ра да нај­де на­чин за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то. Европ­ска­та ко­ми­си­ја во мај 2018 го­ди­на по­ка­жа де­ка не е то­ле­рант­на кон за­га­ду­ва­чи­те. По де­сет го­ди­ни пре­ду­пре­ду­ва­ња, ре­ши да под­не­се при­ја­ва про­тив шест член­ки на уни­ја­та, ме­ѓу кои беа Гер­ма­ни­ја и Фран­ци­ја, по­ра­ди не­по­чи­ту­ва­ње­то на ре­гу­ла­ти­ви­те за за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот, а по нив сле­ду­ва­ше Шпа­ни­ја.
На Бу­га­ри­ја, ко­ја е ве­ќе осу­де­на за не­по­чи­ту­ва­ње на ре­гу­ла­ти­ва­та за доз­во­ле­на­та ко­ли­чи­на на че­стич­ки во воз­ду­хот, овој пат ѝ се за­бе­ле­жу­ва пре­че­ко­ру­ва­ње­то на гра­нич­ни­те вред­но­сти на сул­фу­рен ди­о­ксид, кој по­тек­ну­ва од со­го­ру­ва­ње фо­сил­но го­ри­во.
Европ­ска­та ко­ми­си­ја ги пре­ду­пре­ди и Хр­ват­ска и Ро­ма­ни­ја по­ра­ди „си­сте­мат­ско не­по­чи­ту­ва­ње“ на сле­де­ње на за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, до­де­ка Гр­ци­ја е по­ви­ка­на да ја по­до­бри за­шти­та­та на сво­и­те гра­ѓа­ни од еми­си­и­те на га­со­ви­те од ин­ду­стри­ја­та.

Ко­ри­сте­те ма­ска и ан­ти­о­кси­дан­си

Ле­ка­ри­те пре­по­ра­чу­ва­ат гра­ѓа­ни­те да ко­ри­стат ма­ски со ХЕПА фил­тер, кој не ги про­пу­шта кан­це­ро­ге­ни­те ПМ че­стич­ки 10. Ма­ски­те тре­ба да се со сер­ти­фи­кат за ко­ри­сте­ње во ус­ло­ви на ви­со­ка за­га­де­ност на воз­ду­хот. Ва­кви­те ма­ски мо­ра да но­сат ед­на од след­ниве оз­на­ки:

N95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
N99 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
N100— Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99,97 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
R95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Де­лум­но се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
P95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот.
От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви.

P99 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви.
P100 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99,97 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви. 

Исто та­ка, пре­по­ра­чу­ва­ат и да се зе­ма­ат ан­ти­о­кси­дан­си. Во оваа гру­па вле­гу­ва­ат ви­та­мин Ц, ви­та­мин Е, пре­па­ра­ти ка­ко гер­ма­ни­ум 132.

Илустрација: Зоран Инадески


По­ве­ќе од 430.000 лу­ѓе во ЕУ го­диш­но уми­ра­ат пред­вре­ме од за­га­де­ни­от воз­дух

За­га­де­ни­от воз­дух е не­вид­лив уби­ец во Евро­па. Се­ко­ја го­ди­на во ЕУ по­ве­ќе од 430.000 лу­ѓе уми­ра­ат пред­вре­ме ка­ко ре­зул­тат на ди­ше­ње за­га­ден воз­дух. ЕЕБ ра­бо­ти да обез­бе­ди европ­ски­те за­ко­ни на­се­ка­де да го по­до­брат ква­ли­те­тот на воз­ду­хот за­шти­ту­вај­ќи ги лу­ѓе­то и еко­си­сте­ми­те од опас­но­сти­те од за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот.

За­га­ду­ва­чи­те сè уште ги над­ми­ну­ва­ат стан­дар­ди­те на ЕУ

Спо­ред Европ­ска­та аген­ци­ја за жи­вот­на сре­ди­на, за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот е те­шко да се из­бег­не, без ог­лед ка­де жи­ве­е­те. Тоа мо­же се­ри­оз­но да вли­јае на ва­ше­то здрав­је и око­ли­на­та. И по­крај тоа што ква­ли­те­тот на воз­ду­хот во Евро­па се по­до­бри во пос­лед­ни­те де­це­нии, ни­во­то на за­га­ду­ва­чи на воз­ду­хот сè уште ги над­ми­ну­ва стан­дар­ди­те на ЕУ и нај­стро­ги­те упат­ства на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја.