Темата на бројот носи визија за иднина на работните места кои ќе се фокусирани на луѓето, на нивните вредности, личност и карактер, во која бизнисите ќе партнеруваат со социјални претпријатија со цел да направат добро за заедницата, а ранливите сограѓани ќе бидат вклучени во пазарот на труд преку социјални иновации скроени за нивните потреби.

Новиот број носи интервјуа со лидери од познати компании од светот:

- Чарли Фелгејт, лидер за визија на „Декатлон": Вработуваме според вредности, не според квалификации
- Ен-Софи Гунарсон, „Икеа": Бизнис-партнерства што создаваат вредности

Ви го претставуваме и социјално менторство на кое гледаме како на мост до инклузивно општество: Инклузивните претпријатија и инклузивните работни места поттикнуваат социјална и економска благосостојба, но и намалување на нееднаквоста преку интегрирање на ранливите групи на пазарот на трудот. За ова e клучна соработката меѓу триаголникот од институции, граѓански организации и од бизнис-сектор.

Нееднаквоста во светот може да расте поради двојниот ефект од технологијата и пандемиската рецесија. Затоа светот бара кокреирање, спојување на заедничките сили со цел создавање нов систем каде социјалната економија ќе биде главен актер во развојот на традиционалната економија, а главниот фокус ќе биде ставен на позицијата на највредниот ресурс - луѓето.

Купете го овој број тука