Во ме­ди­цин­ска­та пра­кти­ка низ це­ли­от свет, си­те па­ци­ен­ти ди­јаг­но­сти­ци­ра­ни со иста кли­нич­ка ди­јаг­но­за го при­ма­ат исти­от лек. Овој уни­вер­за­лен при­стап има ефект са­мо кај не­кои па­ци­ен­ти, но кај дру­ги мо­же да се по­чув­ству­ва­ат не­са­ка­ни ефе­кти или по­са­ку­ва­ни­от кли­нич­ки ефект да изо­ста­не. Пер­со­на­ли­зи­ра­на ме­ди­ци­на зна­чи по­о­држ­ли­во здрав­ство и нај­до­бра мож­на не­га за се­кој па­ци­ент.
 
Три важ­ни сег­мен­ти во пра­кти­ку­ва­ње на пер­со­на­ли­зи­ра­на­та ме­ди­ци­на во он­ко­ло­ги­ја­та

Проф. д-р Смич­ков­ска об­јас­ну­ва де­ка пра­кти­ку­ва­ње­то на пре­циз­на­та ме­ди­ци­на ба­ра по­кри­ва­ње три сег­мен­ти. Пр­ва­та е мож­ност за мо­ле­ку­лар­но, од­нос­но ген­ско ис­пи­ту­ва­ње на ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на ту­мо­рот и откри­ва­ње на не­го­ви­те ин­ди­ви­ду­ал­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки. Тоа зна­чи обез­бе­ду­ва­ње ге­нет­ски ла­бо­ра­то­рии што ќе мо­жат да го ис­пи­та­ат тоа и да де­фи­ни­ра­ат кој лек би бил ефи­ка­сен. Вто­ри­от сег­мент е при­стап до т.н. цел­ни ле­ко­ви што би мо­же­ле да се при­ме­нат до­кол­ку со прет­ход­на­та ана­ли­за на ту­мо­рот се открие ток­му таа цел­на ле­зи­ја за ко­ја ве­ќе има де­фи­ни­ран лек. Пос­лед­ни­от сег­мент се од­не­су­ва на еко­ном­ски­те и на етич­ки­те мо­мен­ти во смис­ла на обез­бе­ду­ва­ње средс­тва за пра­кти­ку­ва­ње пре­циз­на ме­ди­ци­на и за­шти­та на при­ват­но­ста и на здрав­је­то на па­ци­ен­ти­те.






Етич­ки ди­ле­ми око­лу пер­со­на­ли­зи­ра­на­та ме­ди­ци­на


Веб-сај­тот news – medical.net, ед­на од во­деч­ки­те свет­ски пла­тфор­ми за спо­де­лу­ва­ње зна­е­ња од об­ла­ста на ме­ди­ци­на­та и на при­род­ни­те на­у­ки, по­со­чу­ва на етич­ки ди­ле­ми за при­ват­но­ста на па­ци­ен­ти­те од пер­со­на­ли­зи­ра­на гри­жа. Дел од нив се од­не­су­ва­ат на тоа де­ка не­кои суб­је­кти мо­жат да ги ко­ри­стат ва­кви­те ба­зи на по­да­то­ци на не­е­тич­ки на­чин. Ка­ко при­мер се по­со­че­ни оси­гу­ри­тел­ни­те ком­па­нии, кои би мо­же­ле да не ну­дат по­ли­си на тие со ге­нет­ски пре­дис­по­зи­ции за одре­де­на бо­лест. По­сто­јат мно­гу пре­диз­ви­ци и во рам­ки на прав­на­та ре­гу­ла­ти­ва. На при­мер, проб­ле­ми во вр­ска со пра­ва­та на ин­те­ле­кту­ал­на сопс­тве­ност за­тоа што не­кои го спо­рат фа­ктот што по­стиг­ну­ва­ње  на­пре­док во об­ла­ста на ПМ до­ста­пен за огра­ни­чен број лу­ѓе, ќе го за­пи­ра раз­во­јот на ле­карс­тва и дру­ги тех­но­ло­шки ре­ше­ни­ја во ид­ни­на.  
Ва­кви­те пре­диз­ви­ци мо­же да се ре­гу­ли­ра­ат со со­од­вет­ни про­це­ду­ри, акти, кои ќе би­дат ин­те­гри­ра­ни со здрав­стве­на­та по­ли­ти­ка за при­ме­на на овој кон­цепт на си­стем­ско ни­во.

„Нетф­ликс“, „Фејс­бук“, „Гугл“, „Ин­ста­грам“... си­те за­бав­ни, ко­му­ни­ка­ци­ски, ди­ги­тал­ни... ги­ган­ти „ни уго­ду­ва­ат“ ну­деј­ќи ни со­др­жи­ни, кои нив­ни­от ал­го­ри­там ги на­го­дил да од­го­ва­ра­ат на на­ши­те ин­ди­ви­ду­ал­ни по­тре­би, ста­во­ви, жел­би. Зо­што, пак, ко­га ста­ну­ва збор за здрав­је­то, не мо­же­ме да си го доз­во­ли­ме тоа? 


Прочитајте го целиот текст на Игор Петровски во 44тото издание на Лице в лице.
https://kupi.licevlice.mk/shop...