Блог, Лице в лице

Успехот не паѓа од небо

Фотографија со Викторија за нејзиниот месечен блог

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!

Септември и конечно топлото попушта. Училиштето веќе започна. Полека се враќаме на животот после годишни одмори. Мислам дека не сум единствена што ми е жал што летото завршува.

Да почнеме…

Пред неколку дена одржав прекрасна работилница на тема Стратегии за успех. Имаше одлична дискусија со учесниците и сите сложно се согласивме дека еден од принципите за успех што најчесто го забораваме е: ПРЕЗЕМАЊЕ АКЦИЈА!

Многу често сценариото се одвива вака: да речеме дека знаеме што сакаме. Често размислуваме на таа тема, планираме, повторно размислуваме, повторно планираме, наоѓаме некакви изговори зошто сè уште не е правото време да почнеме, размислуваме уште малку, се консултираме со пријатели, го менуваме планот, повторно размислуваме… и времето си поминува додека ние тапкаме во место вртејќи се во круг.

Во последно време постојано слушам, а верувам дека и ти ќе се согласиш со мене, е советот дека треба да размислуваме позитивно. Бомбардирани сме со пораки за афирмации и манифестирање. И додека дефинитивно е подобро да размислуваме позитивно отколку негативно, самото позитивно размислување нема да ни помогне да бидеме успешни во она што го правиме, ниту пак ќе ни донесе здравје, добри релации, среќа… Многу е едноставно: ако позитивно размислуваш за свирење на некој музички инструмент, дали тоа ќе те направи музичар? Нема, така? Потребно е да го земеш инструментот в раце и да свириш за да станеш музичар. Затоа, позитивната мисла комбинирана со акција е од клучно значење за успехот.

Неодамна имав едно интересно искуство. Ми беше потребен консултант за еден од моите проекти. Добив препорака од пријател – ми рече „нема подобар од него“. Веднаш му пишав email на општата адреса наведена на нивната веб-страница. Само неколку минути откако го испратив мејлот, ми заѕвони непознат број на телефонот.

Тоа беше консултантот!

Бев воодушевена од неговата проактивност и дури му го споменав тоа во текот на нашиот разговор.

Тој ми одговори:

– Ако го оставам за подоцна, можеби никогаш нема да се јавам, и ќе заборавам. Имам принцип веднаш да преземам акција.

Не е ни чудо што е меѓу најдобрите во својата област, си помислив.

Ајде една кратка рефлексија: каква или каков си ти, кога станува збор за преземање акција? Прокрастинираш или проактивираш?

Помисли си сега, дали твоето моментално однесување те носи поблиску или подалеку од  резултатите, целите и соништата што ги посакуваш?

Ако те приближува, одлично! Продолжи така.
Ако те оддалечува, можеби е време да го промениш она што го правиш, нели?

Пред да продолжиме, две најави:

Во октомври годинава некои луѓе ќе го започнат своето уникатно патување за НЛП Практичар и ќе го трансформираат својот живот за да достигнат неверојатни височини, дали си еден или една од нив?

Те канам на отворена и интерактивна сесија за НЛП на која ќе одговорам на сите твои прашања  – без филтер

  • Разоткриј ги најчестите митови за НЛП
  • Разговараме за тоа што е НЛП, а што не е
  • Одговорам на сите твои прашања – буквално можеш да ме прашаш што било 🙂
  • Откриј изненадување за сите присутни

Ако работиш во продажба, HR, маркетинг, ако си претприемач/ка, коуч или терапевт, или си на лидерска позиција – ова е за тебе!

Регистрацијата е на само еден клик. Биди проактивна/ен и пријави се веднаш.



Веќе имаме пријавени лидерки за третата генерација на учеснички кои ќе ја посетуваат Лидерската програма за жени со влијание 2026/2027. Обезебеди го своето место сега на ова извонредно 6-месечно патување! Прочитај повеќе на веб страницата, и погледни и слушни ги искуствата на претходните учеснички овде.

Продолжуваме…

Стратегии: мапата на успехот

Зад секое човечко дејствување или однесување постои одредена структура, што во НЛП се нарекува стратегија. Секоја стратегија на секое однесување се состои од низа ментални процеси кои водат до одредена цел или резултат.

Сè што правиш е стратегија! Од начинот на кој се будиш наутро, до начинот на кој се мотивираш себеси, како носиш одлуки, како се справуваш со предизвиците, како избираш партнер или работа, како учиш… Стратегиите се начинот на кој ги организираш твоите мисли и однесување, за да завршиш одредена задача. Целокупното твое однесување е управувано од твоите внатрешни процесни стратегии. Тие најчесто се одвиваат на несвесно ниво и го насочуваат твојот живот во одредени насоки – без разлика дали ти го сакаш тоа или не!

Во суштина, стратегијата не е ништо повеќе од рецепт за успех (или неуспех) кој го користиш повторно и повторно. Секогаш кога го користиш истиот рецепт и ги следиш точно чекорите, исто како и во готвењето, ќе го добиеш истиот резултат. Ако ги смениш чекорите, ќе добиеш поинаков резултат.

Е сега, од НЛП гледна точка, секој рецепт се состои од репрезентативни системи или модалитети, и тоа се: визуелен, аудитивен и кинестетички. Начинот на кој овие модалитети се организирани, по кој редослед се наредени, и кои се нивните специфични детали се составен дел од секоја стратегија.  

Ако земеш некоја стратегија – твоја или туѓа – и ја примениш следејќи го истиот редослед на чекори, ќе го добиеш истиот резултат и истото однесување, во еден спечифичен контекст.

На пример, мојата мотивациска стратегија се состои од три чекори:

Прво, создавам слика во мојот ум дека задачата е веќе завршена (визуелно).

Потоа чувствувам прекрасно чувство во себе (кинестетички).

И конечно, си велам: „Ајде, опа!“ (аудитивно).

И почнувам да правам.

Ги користам истите чекори секогаш кога треба да се мотивирам да направам нешто – без разлика дали станува збор за трчање, или за административна работа, за нешто што сакам да го правам или нешто во што не уживам. Импликацијата е очигледна:

Можеш да ги користиш твоите успешни стратегии, како и оние на другите, за да создадеш посакувани однесувања. Во НЛП, ова е познато како моделирање (modeling).

Можеш да ги идентификуваш стратегиите кои не функционираат за тебе и да го промениш нивниот редослед сè додека не го добиеш посакуваниот резултат – можеш да создаваш нови стратегии.

Можеш да ги идентификуваш стратегиите на другите и да ги користиш со за да ги мотивираш, да им помогнеш полесно да научат, да бидат поангажирани, да го купат твојот производ или услуга.

За да станеш свесна или свесен за сопствените стратегии, потребно е да забавиш и да почнеш да забележуваш што се случува во твојот ум, непосредно пред да почнеш да правиш нешто или да се однесуваш некако (на пример одложување, нервоза пред настап или претерано јадење).

Забележи што се случува непосредно пред да започне однесувањето. Каде беше? Со кого? Што слушна или виде?. Што ти помина низ умот? Дали си создаде слика во умот, си кажа нешто внатрешно или почувствува нешто?

Опиши го редоследот на чекорите. На пример:

„Си ја замислив публиката пред мене како се смее → си реков: Леле мене ми се смеат → почувствував страв → не ја прифатив понудата да презентирам.“

Приметувај, ако истите чекори се повторуваат, тоа е стратегија. Ако смениш било кој дел од стратегијата ќе се смени резултатот. На пример:

„Си ја замислив публиката пред мене како се смее → почувствував страв → си реков: Мечка страв, мене не страв → почувствува храброст → ја прифатив понудата да презентирам.“

Имаме внатрешна моќ да го одбереме секое наше однесување!

Љубопитна сум да ги слушнам твоите искуства. Пиши коментар или испрати ми порака.

Дали сакаш да научиш повеќе за твоите внатрешни процеси, твоите несвесни стратегии и обрасци и за тоа како да создадеш живот каков што посакуваш?

Тогаш придружи ми се на претстојната НЛП обука. Следната група започнува на 16 октомври. Испрати ми порака на [email protected], или запиши се на листата и ќе те контактирам.

Пред да продолжиме, уште една најава:

Те канам да ми се придружиш на следната групна коучинг сесија The Self Expedition Cafѐ. Разговараме на тема: „Каква или каков си ти кога станува збор за преземање акција?“

Земи си кафе/чај/ручек и ќе поминеме еден час заедно. Регистрирај се овде, учествотo е бесплатно.

За крај,

Мојата порака за септември е:

Нема неуспех, постои само фидбек!

Падни, размисли, научи ги лекциите, стани, исправи ја својата круна и продолжи понатаму.

Со љубов,
Викторија

Пишува: Викторија Јордановска

Оригиналниот текст е објавен на англиски јазик и може да го прочитате на профилот на социјалната мрежа „Линкдин“ на авторката на овој линк. 

Прочитајте ги и претходните блогови на Викторија: