Yes for Less Викенд во Скопје: два дена за одржливи избори и локални еко-бизниси
На 17 и 18 октомври, во „Лабораториум“ во Скопје, ќе се одржи настан со повеќе од 25 локални еко бизниси, седум панел-дискусии, уметничка програма и работилница за деца. Влезот е бесплатен
Како секојдневните избори се поврзуваат со поголемите еколошки предизвици? Какви решенија нудат малите локални бизниси и граѓанските иницијативи? Овие прашања се во фокусот на „Јес фор лес викенд“ (Yes for Less Викенд), кој ќе се одржи на 17 и 18 октомври во „Лабораториум“ во Скопје, во близина на паркингот кај Градската болница. Двата дена, настанот ќе трае од 10.30 до 17.30 часот а влезот е бесплатен.
Повеќе од саем на еко производи
По трите досегашни изданија на Саемот на еко бизниси, платформата „Јес фор лес“ оваа година го проширува форматот во дводневен настан со програма што ги поврзува одржливите производи и навики со прашања од поширок јавен интерес.
– Ве каниме на два дена целосно посветени на одржливото живеење и поврзувањето на луѓе, идеи и иницијативи кои создаваат позитивни промени во нашето општество. Повеќе од пет години промовираме одговорен начин на живот, ја подигнуваме еколошката свест и ја поврзуваме растечката еко-заедница во Македонија.
Организаторите најавуваат дека, годинава одат чекор понатаму – со прераснување на Саемот во дводневен настан со програма која ги поврзува малите секојдневни избори со поголемите еколошки прашања што нè засегаат сите.

Целта на организаторите е одржливоста да се претстави, не само како прашање на лична потрошувачка, туку и како простор за заедничко делување, креативност и вклучување на различни актери во општеството.
Посетителите ќе можат да се запознаат со повеќе од 25 локални еко бизниси, кои ќе претстават производи и алтернативи од различни категории. Настанот е и можност да се откријат локални производители и иницијативи што се обидуваат да понудат поодговорни начини на производство и потрошувачка.


Седум панел-дискусии за еколошките предизвици
Програмата вклучува седум панел-дискусии за теми поврзани со здравјето, отпадот, одржливите навики, граѓанскиот активизам и други актуелни еколошки прашања. Покрај разговорите, предвидена е и изложба, уметнички перформанси во живо и работилница за најмладите. Просторот ќе биде наменет и за дружење, вмрежување и размена на идеи меѓу граѓани, бизниси и активисти.
Целосната програма е достапна на Инстаграм-профилот на Yes for Less, на овој линк.
Фотографии: архива на „Јес фор лес“.
Прочитај го минатогодишното интервју со Сара и Кате:
Секој од нас може да мултиплицира промена во своето опкружување! / ИНТЕРВЈУ СО KATEРИНА ИЛИЈОВСКА И САРА КОЦЕВСКА ОД „ЈЕС ФОР ЛЕС“ („YES FOR LESS“)
- „Ниту една повеќе!“ повикува на протест против фемицидите и институционалното насилство
- Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир
- Македонскиот паметен систем Динг.мк освои регионална награда на натпревар за зелени бизниси
- Од раскази до црно-бели светови: „Обичи и необични“ приказни патуваат во Кина
- „Робиња сам твоја“: Кога контролата ја нарекуваме љубов, а жени што пријавуваат, не добиваат заштита од насилство