Живот по шелтер: Кров над глава и работа – најголем предизвик за преживеаните од семејно насилство

Економската несигурност, стравот и траумата се дел од реалноста со која се соочуваат жртвите на семејно насилство по напуштањето на шелтерите. Засолништата нудат заштита во критичниот момент, но вистинските предизвици започнуваат кога жените и децата треба да изградат нов живот, обезбедувајќи кров над глава, работа и долгорочна поддршка.