ЛИ­ЦЕ В ЛИ­ЦЕ СО…
БАЈ­РАМ СА­ДИК, про­да­вач на улич­но­то спи­са­ние „Ли­це в ли­це“

Н: Нај­важ­на ми е си­гур­но­ста на мо­е­то се­мејс­тво
П.Н: Друш­тво во про­даж­ба­та му пра­ви не­го­ви­от нај­во­зра­сен син, Ту­нан, за ко­го ве­ли де­ка ре­тко мо­же да ми­ру­ва и да се­ди до­ма. На тој на­чин, нив­на­та го­ле­ма фа­ми­ли­ја има по­го­ле­ма под­др­шка во обез­бе­ду­ва­ње­то дне­вен при­ход за по­до­сто­инс­тве­но се­којд­не­вие

„Шест ме­се­ци ра­бо­та и ве­ќе чув­ству­вам го­ле­ми про­ме­ни… Кан­ти­те за ѓу­бре и со­би­ра­ње­то от­пад и ши­ши­ња – се ве­ќе ми­на­то“.
Ва­ка го поч­ну­ва сво­јот од­го­вор про­да­ва­чот на „Ли­це в ли­це“, Ба­јрам Са­дик, на пра­ша­ње­то за чув­ство­то ка­ко е да се би­де во уни­фор­ма­та на единс­тве­но­то улич­но спи­са­ние во зем­ја­ва и ка­кви про­ме­ни пре­диз­ви­ку­ва тоа во не­го­ви­от се­којд­не­вен жи­вот.
Ба­јрам има 35 го­ди­ни, жи­вее во Шу­тка и е дел од ти­мот про­да­ва­чи бла­го­да­ре­ние на по­ка­на­та на не­го­ви­от ко­ле­га и бра­ту­чед Ер­џан Са­дик, од ко­го, на­ви­сти­на, има мно­гу да на­у­чи, осо­бе­но ако се знае де­ка тој ја но­си ти­ту­ла­та нај­до­бар про­да­вач за 2015 го­ди­на.
– Ер­џан ме по­ка­ни да се прик­лу­чам на ти­мот, ама дол­го се дво­у­мев. Не бев си­гу­рен да­ли мо­жам да од­го­во­рам со­од­вет­но на за­да­ча­та. Се по­ка­жа де­ка сум се мис­лел не­по­треб­но. Уште пр­ви­от ден ус­пе­ав да про­да­дам 50 при­ме­ро­ци од спи­са­ни­е­то. Тоа ме охра­бри и ми да­де пот­тик да про­дол­жам – ве­ли Ба­јрам, со­пруг на Али­са и та­тко на че­ти­ри си­на.

М.Н: Тој што бр­за, не по­ми­ну­ва до­бро
Друш­тво во про­даж­ба­та му пра­ви не­го­ви­от нај­во­зра­сен син, Ту­нан, за ко­го ве­ли де­ка ре­тко мо­же да ми­ру­ва и да се­ди до­ма. На тој на­чин, пак, нив­на­та го­ле­ма фа­ми­ли­ја има зна­чај­на под­др­шка во обез­бе­ду­ва­ње­то дне­вен при­ход за по­до­сто­инс­тве­но се­којд­не­вие.
– Син ми про­да­ва и по 40 бро­ја днев­но. Не­ко­гаш, зна­чи, и по­ве­ќе од ме­не. За­се­га, мис­лам, го др­жи­ме и ре­кор­дот на нај­го­лем број про­да­де­ни при­ме­ро­ци од „Ли­це в ли­це“ за еден ден. Од бро­јот по­све­тен на те­ма­та: со­ци­јал­на прав­да про­да­дов­ме ду­ри 175 бро­ја во са­мо еден ден – откри­ва Ба­јрам.
Уба­во е, ве­ли тој, да се има ра­бо­та. Де­нот си има по­и­на­ква стру­кту­ра, а со тоа и жи­во­тот.
– Отка­ко сум со „Ли­це в ли­це“ мис­лам де­ка и по­ве­ќе се дру­жам, из­ле­гу­вам, сè не­ка­ко има по­ве­ќе ред. Ду­ри и на­гра­ди­те не се тол­ку важ­ни. До­бро, се­га, би са­кал да го со­бо­рам сопс­тве­ни­от ре­корд на про­да­де­ни при­ме­ро­ци, ама за тоа има вре­ме – ве­ли тој.
И не ги крие тај­ни­те на сво­јот ус­пех. На­про­тив, ги спо­де­лу­ва со за­до­волс­тво.
– Про­да­вам и на­ве­чер. Ќе оти­дам во Де­бар ма­а­ло на не­ко­ја за­ба­ва и ме­на­џе­ри­те ќе ги из­ве­стат си­те при­сут­ни, пре­ку ми­кро­фон, де­ка мо­жат да си ку­пат и „Ли­це в ли­це“. И ќе си сед­нам, не бр­зам. Ка­фе, ци­га­ра, му­а­бет… Оста­ну­вам ду­ри и до 22 ча­сот. Тре­ба да се по­се­ди во ло­ка­лот, да не се бр­за, да не се бе­га, за­тоа што ако се за­ми­не вед­наш од та­му – сме по­гре­ши­ле, тре­ба да по­че­ка­ме и дру­ги да дој­дат… Тој што се бр­за, не по­ми­ну­ва до­бро – ми ве­ли Ба­јрам.
По­не­ко­гаш, сме­та тој, до­бро е и да се на­пра­ви па­у­за, со цел и да не им се здо­дее на лу­ѓе­то, зaшто „си­те са­ка­ат не­што но­во, а не да им се ну­ди иста со­др­жи­на се­кој ден“.

М.Н: Ус­пе­вам и да за­ште­дам
Жи­во­тот во Шу­тка, во ед­на со­ба, а со че­ти­ри де­ца, од кои нај­ма­ло­то има три ме­се­ци, не е ле­сен, ни­ту, пак, ед­но­ста­вен, ама Ба­јрам е си­гу­рен де­ка со по­сто­ја­на ра­бо­та мо­же да им го обез­бе­ди тоа што им е не­оп­ход­но.
– До­бро е, не ми тре­ба не знам ка­кво бо­гат­ство, са­кам да има за же­на­та, за де­ца­та, тие да би­дат за­до­вол­ни, до­ста е. Не ми тре­ба ку­ќа на ка­то­ви… Вни­ма­ва­ме и да за­ште­ди­ме не­што, да ста­ви­ме на­стра­на за­што жи­во­тот со ма­ли де­ца по­драз­би­ра и го­ле­ми по­тре­би. Осо­бе­но ако се бол­ни. Мо­ра чо­век да има за та­ква си­ту­а­ци­ја. Ако здрав­је­то не е нај­до­бро, а се не­ма па­ри – те­шко е… – ве­ли Ба­јрам.
За сре­ќа, до­да­ва, има се­мејс­тво што му да­ва си­ла и енер­ги­ја да про­дол­жи да се бо­ри за се­кој нов ден. За нив­на­та нас­ме­вка и сре­ќа.
-Има лу­ѓе ќе зе­мат 1.000 де­на­ри де­нес и мо­же да ги по­тро­шат вед­наш, на пив­це или на коц­ка, и ќе дој­дат до­ма без па­ри. Не­ма ни­ка­кви шан­си да се коц­кам и да пи­јам. Знам де­ка мо­ра да би­дам од­го­во­рен кон лу­ѓе­то око­лу ме­не – ве­ли ус­пеш­ни­от про­да­вач на „Ли­це в ли­це“.
Не­го­ва­та со­пру­га, Али­са, не ра­бо­ти. Ги чу­ва че­ти­ри­те си­на, (Ту­нан, Ре­џеп, Га­бри­ел и Де­вран) и се гри­жи за до­ма­ќинс­тво­то. Таа е глав­на­та ло­ги­сти­ка во ку­ќа­та и во до­маш­ни­те актив­но­сти.
-По­не­ко­гаш ѝ по­ма­гам, пер­ам те­пи­си или ва­ро­су­вам, ама и тоа е са­мо ако не сум на ра­бо­та тој ден, ина­ку сè пра­ви са­ма. За го­тве­ње не се ме­шам прем­но­гу. Не де­ка не знам да на­пра­вам ман­џа, ту­ку да не ја на­у­чам де­ка мо­жам и тоа, па да до­би­вам че­сто и та­кви за­да­чи. Али­са си го­тви нај­у­ба­во – се смее Ба­јрам.

М.Н: По­до­бро обра­зо­ва­ние за мо­и­те де­ца – по­до­бра ид­ни­на
Ви­кен­ди­те се, обич­но, ре­зер­ви­ра­ни за од­мор и за друж­ба со се­мејс­тво­то.
– То­гаш си доз­во­лу­ва­ме и да ста­не­ме по­доц­на, да си по­и­гра­ме. Сла­бост ми е Де­вран, нај­ма­ли­от син. Не­ма утро без игра со не­го. По­тоа мо­же да дој­де сè дру­го. Оди­ме во цен­та­рот на Шу­тка, ше­та­ме, ќе ку­пи­ме не­кој сенд­вич или тост, сок, за­ви­си кој што ќе си по­ба­ра. По­тоа се вра­ќа­ме до­ма, па мо­же да ни дој­де не­кој го­стин, и та­ка – ве­ли Ба­јрам.
Тоа што си по­са­ку­ва за ид­ни­на­та е да има ра­бо­та, а со тоа и не­ка­ква си­гур­ност.
– Па­ри­те бр­зо се тро­шат, за за­ште­ди­те да не збо­ру­вам. Би ра­бо­тел и не­што дру­го, до­пол­ни­тел­но, ако ми се ука­же мож­ност. Нај­важ­но ми е де­ца­та да се до­бри, се­мејс­тво­то да е за­до­вол­но, сè дру­го е во втор план. Би са­кал и де­ца­та до­бро да се шко­лу­ва­ат за­што со тоа би по­рас­на­ле и нив­ни­те шан­си за вра­бо­ту­ва­ње. Нив­на­та си­гур­ност – ми ве­ли Ба­јрам.

Рам­ка: Би са­кал да чи­там исто­ри­ски кни­ги
Ба­јрам Са­дик е дел од те­ков­ни­те обу­ки што ги спро­ве­ду­ва „Ли­це в ли­це“, во ко­ор­ди­на­ци­ја на Жар­ме­на Бо­жи­нов­ска и под водс­тво на Ка­те­ри­на Ан­гел­ков­ска, тре­нер со сер­ти­фи­кат за прин­ци­пи за ус­пех спо­ред ме­то­дот „Џек Кен­филд“ и ос­но­вач на „Ус­пех без гра­ни­ци“, ка­ко и од Јас­ми­на Ду­риќ, со­ци­ја­лен ра­бот­ник и пси­хо­те­ра­певт.
Ве­ли де­ка е сре­ќен што е дел од овие ра­бо­тил­ни­ци и де­ка чув­ству­ва го­ле­ми при­до­би­вки. Ве­ру­ва де­ка на ва­ков на­чин ќе мо­же со­од­вет­но да ја ко­ри­ги­ра гре­шка­та што ја на­пра­вил на­пу­штај­ќи го обра­зо­ва­ни­е­то по сво­е­то че­твр­то од­де­ле­ние.
– Мно­гу сум за­до­во­лен, до­би­ва­ме со­ве­ти за од­не­су­ва­ње­то, пи­шу­ва­ме, раз­го­ва­ра­ме… Сил­но ве­ру­вам де­ка ќе на­у­чам и до­бро да чи­там. По­тоа, мој из­бор ќе би­дат кни­ги што се од­не­су­ва­ат на не­кои важ­ни исто­ри­ски на­ста­ни – ве­ли Ба­јрам.