„Лице в лице“ почна како улично списание за одржлив развој, а потоа прерасна во клучен елемент на истоимената Платформа за одржлив развој.
Печатеното списание излегува во Македонија од 15-ти септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.
Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 150 денари) е за продавачот, а останатата половина се насочува кон продукција на следно издание и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.
Содржините на „Лице в лице“ поттикнуваат на свесност, совесност, етичност, одржлив развој и општествена одговорност. Активира, делува, вмрежува, кокреира и делува за подобра иднина, поддржувајќи ранливи сограѓани и градејќи посилно и поправедно општество. Преку темите што ги пласира, кои како главна одлика го имаат одржливиот развој, се грижи за подобрата иднина на маргинализираните групи, но и на општеството како целина.
Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, „Лице в лице“ врши двојна улога – ги засилува ранливите сограѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нè засегаат сите нас: социјална вклученост, социјална политика, пазар на труд, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство.
Печатеното издание на списанието излегува периодично, до три пати во годината, на 52 страници рециклирана хартија во боја.
Веб содржините пак имаат поголема динамика и имаат намера да ја вклучат и ангажираат публиката.
Содржините, во најголем дел, ги креираат волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието.

„Лице в лице“ членува во Меѓународната мрежа на уличен печат (International Network of Street Papers), која е глобална асоцијација на медиуми кои го применуваат иновативниот модел на уличен печат (списанија и весници) како алатка за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. Преку ова членство, „Лице в лице“ е дел од светска заедница што споделува знаења, искуства и солидарни практики, со заедничка цел: економско јакнење и видливост на маргинализираните луѓе преку етичко новинарство.
Членува на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.
„Лице в лице“ е член на Регистарот на професионални онлајн медиуми, Promedia.mk.
Како учесник на Journalism Trust Initiative (JTI), во јануари 2025 година, „Лице в лице“, го објави својот извештај за транспарентност. Повеќе за ова, читајте на овој линк.
Дел е и од Регистарот на издавачи на онлајн медиуми на регулаторното тело Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Лице в лице“ е дел и од oсновачите на македонската Мрежа за медиумска писменост во Македонија, платформа што ги обединува организациите и медиумите посветени на унапредување на критичкото мислење и одговорното користење на медиумските содржини. Преку ова членство, „Лице в лице“ активно придонесува кон јакнење на медиумската и дигиталната писменост, препознавање на дезинформации, развој на информирана и активна публика, како и одговорно и етичко известување и креирање содржини.
„Лице в лице“ членува и во регионалната Мрежа за известување за разновидност (Reporting Diversity Network – RDN), со што се приклучи кон заедничка платформа на медиуми и граѓански организации од Западен Балкан што работат на унапредување на квалитетот на медиумското известување за етничката, верската и родовата различност. Членството во РДН ја зајакнува мисијата на „Лице в лице“ за промоција на инклузивен јавен дискурс, спротивставување на говорот на омраза и градење култура на почит, толеранција и социјална правда во регионот.
НАЧИНИ НА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ НАЧИНИ НА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ
Со годишна претплата обезбедете годишна поддршка на „Лице в лице“ .
Осигурајте се дека сте дел од приказната на „Лице в лице“ и направете годишна претплата на единственото улично списание во земјава. Ќе го добивате „Лице в лице“ на ваша мејл адреса, а во исто време ќе учествувате во создавање подобро општество со еднакви можности за сите.
Обезбедувајќи си годишна дигитална претплата, вие:
- учествувате во градењето систем за поддршка на продавачите (работни средби, работилници за унапредување на нивните капацитети, надградување на нивните продажни и претприемачки капацитети),
- станувате активни чинители во развојот на социјалната економија во земјава,
- поддржувате инклузивни програми наменети за ранливи сограѓани,
- практикувате одржливи решенија,
- се вклучувате во движење за одговорна иднина.
Повеќе на онлајн продавницата на „Лице в лице“, достапна на овој линк
Здружение на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ / Платформа за одржлив развој „Лице в лице“
Oрце Николов 93/5
1000 Скопје
Повеќе информации на 02 2 466 444 и [email protected]

