Годишна поддршка на „Лице в лице“

600 ден

Со годишната поддршка за „Лице в лице“ станувате дел од заедница што верува во солидарноста, инклузијата и етичкото новинарство.

Вашата поддршка ни помага да создаваме независни и општествено одговорни содржини, да развиваме нови производи што ги продаваат нашите улични продавачи и да инвестираме во програми што отвораат можности за луѓето кои најчесто се оставени на маргините.

 

Информации за испорака: 3-5 работни денови

Додај донација кон нарачката

11 се на оваа страна
Опис

Од август 2025 година, „Лице в лице“ повеќе не излегува редовно во печатена форма. Затоа, дигиталната поддршка од нашата заедница е клучна за да продолжиме да ја исполнуваме нашата мисија.

Со вашата годишна поддршка придонесувате за:

  • создавање квалитетно, независно и етичко новинарство што ги става луѓето во центарот на приказните, кое поттикнува позитивни промени;
  • развој на нови производи на нашето социјално претпријатие, кои ги продаваат нашите улични продавачи, при што го задржуваме принципот 50:50, половина од секоја продажба е директна заработка за продавачот;
  • програмата Социјално менторство, преку која продавачите и други сограѓан(к)и во ранлива положба добиваат индивидуална поддршка, развиваат работни и животни вештини и полесно се вклучуваат на пазарот на труд;
  • креативни кампањи за градење јавна свест, настани и иницијативи што градат поинклузивно, поправедно и поодржливо општество.

Со секоја годишна поддршка инвестирате во луѓе, во можности и во заедница што верува дека промените започнуваат со солидарноста на граѓаните.

 

 

Услови за испорака и рефундирање

Политика за испорака

Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.

Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

Доставата на честитките/картичките во земјава чини  170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.

Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.

Враќање на производи и рефундирање на средства

Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.

Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.