ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ
Магдалена Чадиноска Кузманоски
Редовни соработници: Александра Лопарска Илоска, Славица Ќурчинска, Фатима Рамадановска, Небојша Илијевски.
Фотографии: Ирина Крстевска, Томислав Георгиев
Јазична редакција: Анета Василевска
Графичко уредување: „Контура“
Назив на издавачот: Здружение на граѓани за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ - Скопје;
Одговорно лице на издавачот: Климентина Илијевски, извршна директорка
Адреса на седиштето и уредништвото: ул. „Орце Николов“ 93/5, Скопје
Контакт: [email protected], 02 2 466 444
„Лице в лице“ членува во Меѓународната мрежа на уличен печат (International Network of Street Papers), која е глобална асоцијација на медиуми кои го применуваат иновативниот модел на уличен печат (списанија и весници) како алатка за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. Преку ова членство, „Лице в лице“ е дел од светска заедница што споделува знаења, искуства и солидарни практики, со заедничка цел: економско јакнење и видливост на маргинализираните луѓе преку етичко новинарство.
„Лице в лице“ е член на Регистарот на професионални онлајн медиуми, Promedia.mk.
Дел е и од Регистарот на издавачи на онлајн медиуми на регулаторното тело Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Лице в лице“ е дел и од oсновачите на македонската Мрежа за медиумска писменост во Македонија, платформа што ги обединува организациите и медиумите посветени на унапредување на критичкото мислење и одговорното користење на медиумските содржини. Преку ова членство, „Лице в лице“ активно придонесува кон јакнење на медиумската и дигиталната писменост, препознавање на дезинформации, развој на информирана и активна публика, како и одговорно и етичко известување и креирање содржини.
„Лице в лице“ членува и во регионалната Мрежа за известување за разновидност (Reporting Diversity Network – RDN), со што се приклучи кон заедничка платформа на медиуми и граѓански организации од Западен Балкан што работат на унапредување на квалитетот на медиумското известување за етничката, верската и родовата различност. Членството во РДН ја зајакнува мисијата на „Лице в лице“ за промоција на инклузивен јавен дискурс, спротивставување на говорот на омраза и градење култура на почит, толеранција и социјална правда во регионот.