- Да ја поттикнеме различноста, која ќе го поддржи индивидуалниот процес на учење.
- Да ја храниме љубопитноста преку креативни предавања.
- Да ја разбудиме креативноста преку алтернативни дидактички процеси.
Ова се трите фронта за раст и трансформација на образованието, за кои зборуваше Сер Кен Робинсон, автор, говорник и меѓународен советник за образование, човек чија визија повикуваше дека децата, преку образованието треба да бидат поттикувани да се истражат себе си и потенцијалот што го носат.Имајќи ги на ум животните заложби на Робинсон, „Лице в лице“, по повод промоцијата на новиот, 42-ри број, предлага:
Да се обидеме и вака
На час:
- децата се поттикнувани да поставуваат прашања
- да развиваат критичко размислување
- да учат преку искусување и преку практични примери
- наставникот насочува и мотивира
- се создава средина во која се градат вредности кои се иднината на човековиот капитал, кој го движи општеството напред, кон одржлив развој.
Допишете, споделете го видето, давајќи дополнителни аспекти и одговарајќи на прашањата:
- Како вие го замислувате образованието од иднината?
- Која е целта на образовниот процес?
- Како да ја поттикнеме љубопитноста на децата?
- Како да придонесеме тие да се изградат во одговорни граѓани кои што ќе придонесуваат во општествениот развој
Уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ во своето ново, 42. издание дава поглед кон образованието од иднината. Видеото кое го најавува новиот број ќе биде премиерно споделено на 26-ти октомври 2020 година од 18 часот, на профилот на „Лице в лице“ на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Видеото е направено во соработка со иницијативата „Наука за деца“ и со основното училиште „Кирил и Методиј“ од скопско Стајковци, каде и беше снимано.