Нас­ме­а­ни­от Џор­дан од ули­ци­те на Скоп­је

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО МАХМУД САДИК

Со ра­дост збо­ру­ва за на­чи­нот на про­даж­ба на спи­са­ни­е­то. Ве­ли, лу­ѓе­то од ка­фу­ли­ња­та ка­де што ре­дов­но по­ми­ну­ва, и вра­бо­те­ни­те и го­сти­те, му се го­ле­ма мо­ти­ва­ци­ја

Бун­тов­ник што знае да де­ба­ти­ра и јас­но да ги прет­ста­ви сво­и­те ста­во­ви. Чо­век со изра­зе­но чув­ство за биз­нис. Чо­век што ве­ру­ва – во сво­јот ус­пех, во се­мејс­тво­то, во тоа што не­му му да­ва си­ла.
Мах­муд Са­дик е ме­ѓу нај­ус­пеш­ни­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“. Со сво­и­те 19 го­ди­ни, тој ус­пеа да ја об­но­ви се­меј­на­та ку­ќа, ко­ја од ма­ла трош­на ба­ра­ка, се­га е то­пол дом на два ка­та за две се­мејс­тва – на пат да ста­нат и три.
– Сре­ќен сум што ус­пе­ав да из­гра­дам убав дом. Мал­ку по мал­ку, пред две го­ди­ни пр­во го на­пра­вив­ме ка­тот го­ре, а та­му се пре­се­ли брат ми Су­ха­мет со се­мејс­тво­то. По­тоа и во дол­ни­от дел ре­но­ви­рав­ме и ку­пив­ме сè но­во. Сè што за­ра­бо­ту­вам, го да­вам до­ма кај та­тко ми. Иа­ко ме пра­шу­ва се­ко­гаш за мис­ле­ње, тој го има глав­ни­от збор – ве­ли Мах­муд.
Об­јас­ну­ва де­ка ре­но­ви­ра­ње­то на ку­ќа­та би­ло про­цес во кој бил вклу­чен и брат му, кој, исто та­ка, е про­да­вач на „Ли­це в ли­це“. Но, не­го­ви­от бу­џет е по­се­бен за­тоа што тој има со­пру­га и три де­ца.
– Јас се­га фор­ми­рам свое се­мејс­тво, но пла­ни­рам да оста­нам во дол­ни­от кат, за­ед­но со та­тко ми Џе­за­ир и со мај­ка ми Ѓул­тен и да се гри­жам за нив. Со мо­ја­та со­пру­га Ми­ру­ше се сог­ла­сив­ме де­ка та­ка е нај­до­бро за си­те нас. Се­га има­ме на­ша со­ба, а ка­ко што ќе за­ра­бо­ту­вам по­ве­ќе, ќе би­де и по­до­бро – ве­ли тој со гор­дост.

Под­др­шка и мо­ти­ва­ци­ја од ка­фу­ли­ња­та низ гра­дот

Со ра­дост збо­ру­ва за на­чи­нот на про­даж­ба на спи­са­ни­е­то. Ве­ли, лу­ѓе­то од ка­фу­ли­ња­та ка­де што ре­дов­но по­ми­ну­ва, и вра­бо­те­ни­те и го­сти­те, му се го­ле­ма мо­ти­ва­ци­ја.
– Мно­гу ми е уба­во. Про­да­вам во Де­бар Ма­а­ло, а си имам и за­дол­жи­тел­на па­те­ка, од „Сим­по“, кај Зо­о­ло­шка гра­ди­на, па кон Леп­то­ка­ри­ја и Та­фта­ли­џе. Ре­дов­но одам во ка­фе „Ли“, та­му ја до­би­вам нај­го­ле­ма­та под­др­шка. Мно­гу ги са­кам Го­ран, Кли­ме, си­те од ка­фу­ле­то, мно­гу ме под­др­жу­ва­ат во сè што пра­вам, мно­гу ме по­чи­ту­ва­ат, а и јас нив. Тие се мно­гу важ­ни за мо­ја­та ра­бо­та, ги сме­там за ви­стин­ски при­ја­те­ли. За нив, јас сум Џор­дан, тој пре­кар ми го да­доа и ми се до­па­ѓа. Имам и дру­ги под­др­жу­ва­чи, кои ми го пра­ват ра­бот­ни­от ден по­у­бав, ка­ко, на при­мер, вра­бо­те­ни­те во „Син­ди­кат“, во „Кан­ти­на“, „Круг“, не са­кам да ис­пу­штам не­кој, на­ви­сти­на, мно­гу се. Ме пра­шу­ва­ат и за се­мејс­тво­то, па се чув­ству­вам уба­во. Знам де­ка не­кој се гри­жи за ме­не, са­ка да ми е до­бро. За­тоа ужи­вам ко­га про­да­вам „Ли­це в ли­це“ – се нас­мев­ну­ва тој.
Дол­го рас­ка­жу­ва за под­др­шка­та од чи­та­те­ли­те. Јас­но е де­ка пуб­ли­ка­та за не­го е важ­на не са­мо по­ра­ди тоа што тие се не­го­ви ку­пу­ва­чи, лу­ѓе од кои за­ра­бо­ту­ва, ту­ку и по­ра­ди од­но­сот кон не­го – то­пол, при­ја­тел­ски. Мах­муд е до­вол­но све­сен да збо­ру­ва и за не­при­јат­но­сти­те на ра­бот­но­то ме­сто. Ве­ли, са­кам да ка­жам и за тоа.

– Се чув­ству­вам ло­шо ко­га ќе ми да­дат па­ри, са­мо та­ка, без да ку­пат спи­са­ние. Тоа е исто ка­ко да про­сам. Знам, ми тре­ба­ат па­ри, на си­те ни тре­ба­ат. Те­шко ми е да не ги зе­мам, бла­го­да­рен сум. Но јас ра­бо­там и за­ра­бо­ту­вам, не­при­јат­но ми е ко­га лу­ѓе­то ми да­ва­ат па­ри ка­ко по­мош. До­на­ции при­мам ко­га мо­рам, ка­ко што бе­ше слу­ча­јот со внук ми.

Мах­муд е и гриж­лив чич­ко на три­те вну­чи­ња од брат му. Нај­ма­ло­то, осум­ме­сеч­но­то бе­бе има здрав­стве­ни проб­ле­ми од ра­ѓа­ње­то, па гри­жа­та за обез­бе­ду­ва­ње нај­со­од­вет­на гри­жа за бе­бе­то ста­на­ла гла­вен пре­диз­вик на се­мејс­тво­то.
– Сè би дал, би ја про­дал ку­ќа­та за да би­де здрав внук ми. Ко­га се ро­ди тој, ме­сто да се ра­ду­ва­ме, ние се пла­шев­ме за не­го­ви­от жи­вот. Во бол­ни­ца­та ка­де што се ро­ди не ни ка­жаа де­ка ит­но го опе­ри­ра­ле. На шест де­на на бе­бе­то, бев­ме при­си­ле­ни да се обра­ти­ме на при­ват­на кли­ни­ка по­ра­ди тоа што во др­жав­на­та не ус­пе­аа да му ја обез­бе­дат нај­до­бра­та оп­ци­ја. Та­му по­втор­но го опе­ри­ра­ше до­ктор од Тур­ци­ја, кој му го да­де и име­то на бе­бе­то – Амин, што оз­на­чу­ва крај на мо­ли­тва – об­јас­ну­ва Мах­муд со го­ле­ма се­ри­оз­ност.
До­да­ва де­ка, отто­гаш, Амин имал уште не­кол­ку опе­ра­ции, а за се­то тоа вре­ме, се­мејс­тво­то на нај­раз­лич­ни на­чи­ни се оби­ду­ва­ло да со­бе­ре го­ле­ми су­ми па­ри.
– Во мо­ја­та за­ед­ни­ца има мно­гу вер­ни­ци, а со нив­на по­мош ус­пе­ав­ме да со­бе­ре­ме па­ри за опе­ра­ци­ја­та и за прег­ле­ди­те. До­ни­раа и на­ши лу­ѓе од странс­тво. Бла­го­да­рен сум им на си­те нив, ка­ко и на до­кто­рот Ри­сто Си­ме­о­нов, кој осо­бе­но се за­ло­жи за ма­ли­от Амин да до­бие со­од­вет­на не­га и гри­жа.
Мах­муд се сме­та за го­лем вер­ник и ве­ли де­ка лу­ѓе­то што ве­ру­ва­ат, се­ко­гаш на­о­ѓа­ат на­чин да си ги ре­шат проб­ле­ми­те. Во овој слу­чај, тој збо­ру­ва за ре­ли­ги­ја, па го пот­пра­шав да­ли мис­ли са­мо на тоа.
– За ме­не да, тоа е мно­гу сил­но чув­ство, та­ка доз­на­вам мно­гу не­шта за се­бе. За дру­ги, мо­же­би е не­што дру­го, но мо­ра да има вер­ба – од­го­ва­ра „дип­ло­мат­ски“ и ве­што.

Ме­сто не ме др­жи, по­сто­ја­но учам

Тој ва­жи за еден од нај­ус­пеш­ни­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“, не са­мо по­ра­ди тоа што ус­пе­ва да го уна­пре­ди сво­јот жи­вот, ту­ку и по­ра­ди тоа што са­ка да учи. Доаѓа од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој ја координира неговата продажба, но, и каде се одговорни луѓе коишто работеле на неговите основните вештини, навики, заложби.
– Имам са­мо две го­ди­ни сред­но обра­зо­ва­ние, не ус­пе­ав да го за­вр­шам. То­гаш бев­ме во мно­гу ло­ша со­стој­ба, та­тко ми не ра­бо­те­ше, а и тој и мај­ка ми беа бол­ни. Не­кој мо­ра­ше да се гри­жи за си­те. Брат ми фор­ми­ра­ше свое се­мејс­тво, па сфа­тив де­ка јас мо­жам да сум ан­га­жи­ран по­ве­ќе. Се­га знам де­ка обра­зо­ва­ни­е­то ми не­до­сти­га за да ста­нам по­до­бар и ве­ру­вам де­ка ќе мо­жам да го на­до­ме­стам за­гу­бе­но­то – ве­ли Мах­муд.
Ли­кот му се ме­ну­ва ко­га збо­ру­ва за ова. Се за­мис­лу­ва, па про­дол­жу­ва:
– За нас, Ро­ми­те, си­те ве­лат де­ка не нè би­ва за ра­бо­та. Ви­ка­ат „са­мо мет­ла за вас“. Мно­гу па­ти го имам чу­е­но тоа, и од Ро­ми, не са­мо од дру­ги­те. Се сме­та де­ка ние мо­же­ме са­мо да чи­сти­ме по ули­ци, да би­де­ме ко­му­нал­ци. Но не е та­ка. Јас не сум та­ков, а знам и мно­гу дру­ги што се вред­ни и што ус­пе­ва­ат.
До­да­ва де­ка са­ка да од­во­ју­ва вре­ме за уче­ње, са­ка и мо­же да учи, но, за­се­га, не го на­шол ви­стин­ски­от мо­дел. Да се вра­ти во учи­лиш­ни­те клу­пи – не мо­же по­ра­ди во­зра­ста, но, ве­ли, ќе нај­де на­чин. Во ме­ѓу­вре­ме, смис­лу­ва оп­ции за по­го­ле­ма за­ра­бо­тка.
– Ме­не ме­сто не ме др­жи. Ко­га сум до­ма, по­сто­ја­но смис­лу­вам ка­ко да за­ра­бо­там по­ве­ќе, ка­ко да обез­бе­дам по­до­бар при­ход. Јас ра­бо­там шест де­на, а по­не­дел­ник од­мо­рам. То­гаш смис­лу­вам ка­ко да ги вклу­чам и дру­ги­те чле­но­ви да за­ра­бо­ту­ва­ат. По­ра­ди здрав­стве­на­та со­стој­ба на та­тко ми, тој не мо­же да ра­бо­ти што би­ло, но, за­се­га, нај­дов на­чин да го ан­га­жи­рам. Тој има за­на­ет, знае ка­ко ста­ри чев­ли да ги на­пра­ви ка­ко но­ви – рас­ка­жу­ва тој, без да открие „што му пад­на­ло на па­мет“.
Пра­шан за мај­ка му и за со­пру­га­та, тој по­јас­ну­ва де­ка во ром­ски­те за­ед­ни­ци, же­ни­те не ра­бо­тат, ту­ку се гри­жат за се­мејс­тво­то и за до­мот.
– Јас не са­кам да е та­ка. Се чув­ству­вам мно­гу уба­во ко­га ра­бо­там, ко­га из­ле­гу­вам од до­ма со не­ко­ја цел, ко­га ко­му­ни­ци­рам со лу­ѓе­то, ко­га ми збо­ру­ва­ат. За­тоа знам кол­ку е важ­но да ра­бо­тиш, но се­га, ед­но­став­но, та­ка е кај нас. Мо­же­би тоа ќе се сме­ни, ќе ви­ди­ме. Јас би са­кал и же­на ми да ра­бо­ти, неа ќе ѝ би­де уба­во, а и до­бро ќе ни дој­де уште ед­на пла­та – се нас­мев­ну­ва тој ка­ко ве­ќе да смис­лил со­од­ве­тен ан­гаж­ман и за неа.
Све­сен за сво­и­те спо­соб­но­сти и сна­од­ли­вост, Мах­муд об­јас­ну­ва и за сво­и­те пла­но­ви.
– Ве­ру­вам де­ка ќе би­де до­бро во но­ва­ва го­ди­на. След­но, ко­га ќе би­де до­бро Амин, са­кам да ште­дам па­ри и да по­ло­жам за во­зач­ка доз­во­ла. Иа­ко се гле­дам се­бе­си ка­ко про­да­вач на „Ли­це в ли­це“, мис­лам де­ка до­бро би се сна­шол ако ра­бо­там не­ко­ја ра­бо­та во ко­ја тре­ба да во­зам. По­тоа, ќе ште­дам и за две-три го­ди­ни ќе си ку­пам и авто­мо­бил – ве­ли тој.
Го пра­шу­вам зо­што авто­мо­бил, а не ве­ло­си­пед, кој е мно­гу по­о­држ­ли­во пре­воз­но средс­тво.
– Са­кам да во­зам авто­мо­бил или ка­ми­он и со тоа не­што да ра­бо­там, тоа ми е жел­ба. Знам де­ка авто­мо­би­ли­те за­га­ду­ва­ат, ама оче­ку­вам до то­гаш да би­де по­до­бро, да не за­га­ду­ва­ат. Се­га е мно­гу ло­шо што има­ме за­га­ден воз­дух, ми пре­чи и ме­не. Ќе ви­ди­ме ка­ко ќе би­де, мо­же­би и ќе се пре­мис­лам ако ми тек­не не­што по­до­бро.


(Текстот е објавен во 39-то издание на „Лице в лице“, февруари, 2020)
Фото: Томислав Георгиев