Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.
#53 Лице в лице – печатено издание
100 ден
Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд.
Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани.
Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место.
Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој.
Нема на залиха
Поврзани продукти
#52 Лице в лице – печатено издание
Моќна жена – подобар свет! И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност. Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.#51 Лице в лице – електронско издание
Да го ставиме здравството на здрав пат!
Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на засегнати чинители во креирањето здравствени политики се во фокусот на 51. Издание на „Лице в лице“. Приватното плаќање за лекови е убедливо најголемиот извор на финансиски тешкотии, забележува Светската здравствена организација (СЗО). Причина - ограничената позитивна листа на лекови и тоа што сиромашните и хронично болните не се ослободени од партиципација. Граѓаните мораат да даваат пари од свој џеб и покрај тоа што секој месец од платата им се издвојуваат придонеси за здравствено. Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од 10 години, а од 160 нови лекови одобрени од ЕУ во периодот од 2017 до 2020 година, само 11 се достапни во Македонија. Поради ова, пациентите можат да си дозволат најчесто застарени лекови кои во некои земји се исфрлени од употреба. Сите овие предизвици, но, и можни решенија за создавање „здравство на здрав пат“, се дел од новото, 51. издание на „Лице в лице“, кое е издадено во партнерство со „Рош Македонија“. дизајн: „Контура“#49 Лице в лице – електронско издание
#49 Лице в лице – печатено издание
#47 Лице в лице – печатено издание
#46 Лице в лице – печатено издание
#43 „Лице в лице“
Содржината на оваа платформа е поддржана од Регионалниот ГИЗ проект за социјални права на ранливи групи по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Мислењата на платформата го претставуваат мислењето на авторите и не ги претставуваат нужно ставовите на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).