Издвоено од новиот број

Во „Лице в лице“ број 42 читаме:

ЗАД СЕКОЈ УСПЕШЕН ПРОДАВАЧ, СТОИ УСПЕШЕН МЕНТОР
Лицето на „Лице в лице“ се продавачите, а моторот на промени во нивниот живот и во нивниот професионален развој се менторите-координатори од 10 партнерски организации, кои ги поттикнуваат, насочуваат, следат и силно веруваат во нив

ДА КРЕИРАМЕ ОБРАЗОВАНИЕ ШТО ЌЕ СОЗДАВА ГЕНЕРАЦИИ СО ВРЕДНОСТИ!
Пандемијата во која живееме отвори простор за нови можности за образованието – нов приод, дигитализација, но и подлабоко загледување во недостатоците на образовниот систем кој е оценет како крут, застарен, хаотичен, бавен, тромав, неинвентивен…  А каков е новиот што го посакуваме? Еднаков за сите, отворен, пристапен, модернизиран….

САКАМ ОБРАЗОВАНИЕ ШТО ЌЕ МЕ НАУЧИ ДА СЕ СООЧАМ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ШТО ГИ НОСИ ЖИВОТОТ
Само преку трансформација на училиштата можеме да стигнеме до трансформација на општеството. Учениците знаат какви промени се потребни и имаат сосема јасна визија за идниот образовен модел. Сакаат нивното време во клупите да не биде залудно потрошено. „Целта е да нè научите да живееме, да бидеме свои и среќни“, повикуваат тие

ГИМНАСТИКА НА УМОТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ – ПАРАЛЕЛЕН УНИВЕРЗУМ
Генерацијата Z е првата што е растена со комплетно достапен интернет, на која ѝ се блиски Дигиталните уреди, логиката и функционирањето на светот преку интернет. Мудрите решенија што ги слушаат овие нови генерации постојат и околу нас. Иновативни, професионални, грасрут, оригинални, стихијни, неформални, силни, почетнички…. веќе резултираат како одговори на тоа што ни недостига во образовниот систем

КРУТОСТА НЕ Е ОДЛИКА НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА 21 ВЕК
Глобалната економија се менува брзо, па затоа човечкиот капитал на државата треба да биде иновативен и да може да се приспособи на усвојувањето вештини, кои постојано се менуваат. Оттука произлегува дека учењето е доживотен процес, кој не завршува кога ќе ви дадат диплома

МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО Е ПРИОРИТЕТ ВО ОБРАЗОВНИТЕ РЕФОРМИ
Одговорот на кризата мора да стане дел од решението, место дел од нејзиното продлабочување. Потребни се нови алатки и преструктурирања што ќе се градат постепено и во од, но и со препознавање и користење на постојните ресурси, кои ќе се надградуваат

СЕМЕЈСТВАТА СО ЕДЕН РОДИТЕЛ ПРИНУДЕНИ НА МАГИОНИЧАРСКИ ПОТЕЗИ
Клучно за самохраните родители е да добијат поддршка при урамнотежувањето на приватниот и на професионалниот живот, особено во време кога и градинката како единствена услуга што претходно им била достапна, ја нема. Кризата покажа колку дополнителни типови поддршка, но и услуги, ѝ се потребни на оваа група граѓани за да имаат еднаква позиција со другите за да се обидат да постигнат благосостојба и професионално да напредуваат

КАДЕ НИ СЕ МЛАДИТЕ И КАКО ДА ГИ ВРАТИМЕ ДОМА?
Заминувањето на младите во други земји за доедукација, доквалификација или од која и да е друга причина, може да биде голем бенефит за нивната самостојност и независност, но и за државата доколку се вратат и го инвестираат здобиениот интелектуален капитал назад во својата земја

УНИКАТНО ДОЖИВУВАЊЕ, КОЕ ДАРУВА НОВИ ВЕШТИНИ
Миризливата сторија на „Китка дарови“ почнала пред четири-пет години со купување семеен имот во регион што восхитува со својата ретка природа, во еколошки најчистиот предел во Југозападна Македонија. Микрорегионот на Дебрца му припаѓа на сливот на Охридско Езеро и е споменик на природата под заштита на УНЕСКО. Тоа, пак, гарантира чиста животна средина и нуди услови за еколошко производство

РУРАЛНА СУПЕРМОЌ – КОГА ЖЕНА МЕНАЏИРА ДОМ, СЕМЕЈСТВО, НИВА, ЗАДРУГА
Засилување на жените во руралните места и улогата на задругите природно се поврзани, а овде споделуваме позитивен пример од Мустафино, кој влијае поттикнувачки и за другите средини

РЕПОРТАЖА – НА ГРЕНЛАНД НЕ ЧЕКАМЕ, ТУКУ УЖИВАМЕ ВО ЖИВОТОТ!
Уште на влегување, главниот град повикува на одмор. Возејќи се по патот со нашиот домаќин Јан, кој нѐ води до домот каде што ќе престојуваме цела седмица, дознаваме дека островот нема автопатишта, туку секој неопходен транспорт се одвива по воздушен или воден пат, па во Нук со пешачење можете да стигнете „до крајот на патот“

Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач.

Дел од продавачите, оние кои пред сè се соочуваат со здравствени предизвици, нема да ги видите на улиците на градовите, во директна комуникација со вас,  читателите.  Други пак, иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајновски

Игор Шајновски

Кристијан Марковски

Кристијан Марковски

Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела

Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела

Севда и Верче од Неготино

Севда и Верче од Неготино

ОДБЕРИ начин на поддршка

Членство на дигиталната платформа

600 мкд / годишно

Печатено издание

660 мкд / годишно

За Лице в лице

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи 
на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. 
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.