Лице в лице број 46: Време е за одговорно патувачко искуство!

ПОРТРЕТ ПРИКАЗНА: ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО САМИР ЏАФЕРОВ
Ако не постоеше списанието, поради кое секојдневно излегувам и работам во центарот на Скопје, сигурен сум дека ќе продолжев да питам. Тешко ми е да го кажам ова. Сега луѓето ме гледаат поинаку и ме поддржуваат. Порано бев детето што пита, а сега сум момче што работи – вели тој

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ ЗЕДЕ ПРЕГОЛЕМ ДАНОК ОД ПЛАНЕТАВА: ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНО ПАТУВАЧКО ИСКУСТВО!
Соочени со погубните ефекти што неконтролираниот развој на масовниот туризам ги остава врз локалната заедница и животната средина, светските влади сфатија дека е време за вклучување на алармот и дека туризмот како економска гранка што остварува глобален годишен приход од речиси 1.500 милијарди долари мора да се стави во поинаков колосек. Па така, беше дефиниран терминот одржлив / одговорен туризам, чијшто натамошен развој треба да биде во согласност со усвоените глобални цели за одржлив развој на Обединетите нации (Sustainable Development Goals – SDG)

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: НОВА ТУРИСТИЧКА РЕАЛНОСТ: ПЕШТЕРИ, ЛЕТАЊЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ
Знаете ли зошто птиците пеат цело време? Затоа што им е убаво кога летаат, затоа што се слободни. Тоа чувство горе, тие перспективи се поинакви од сѐ што доживуваме секојдневно- вели Љубомир Нетков од „ZeroGravity“,  здружение што нуди летови со параглајдер во тандем низ Македонија. Летовите не се наменети само за зависници од адреналин што сакаат да добијат доза од небото. Тие се можност и за секој турист да се вивне во воздух, да добие адреналинско напојување

ОДГОВОРНА ИДНИНА: СОЦИЈАЛНО МЕНТОРСТВО – ПОТТИК КОН ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД

Првите резултати на социјалното менторство дојдоа само неколку месеци по завршувањето на тренинзите за социјалните ментори во земјава, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и во Албанија. Социјалните ментори работат директно со лица што тешко можат да се вработат по верификувана програма, која подразбира насочување, охрaбрување, мотивирање, препознавање и унапредување на квалитетите на менторираните.

ЗЕЛЕНА РЕПУБЛИКА: КЛИМАТСКАТА КРИЗА  Е РИЗИК НА ИДНИНАТА, НО И НА СЕГАШНОСТА
Климатската правда значи енергетска, социјална, политичка и економска правда. Неопходно е колективно дејствување за нејзино постигнување и за радикално похумано и поодржливо општество

Запознајте ги нашите микро претприемачи

Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач.

Дел од продавачите, оние кои пред сè се соочуваат со здравствени предизвици, нема да ги видите на улиците на градовите, во директна комуникација со вас,  читателите.  Други пак, иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајновски
Игор Шајновски
Кристијан Марковски
Кристијан Марковски
Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела
Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела
Севда и Верче од Неготино
Севда и Верче од Неготино
Валентин Ракип

ОДБЕРИ начин на поддршка

Електронско Издание

600 мкд / годишно

Печатено издание

660 мкд / годишно

За Лице в лице

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи 
на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. 
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.