Лице в лице е непрофитно, независно улично списание, посветено на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Претставува пионерски чекор на полето на социјалното претприемаштво во Република Македонија и е единствено улично списание во земјата. Се залагаме за човековите права, за правата на загрозените и на магринализираните групи и поединци, за вредноста на модерното општество, за соработка и за поврзување, за здраво физичко и ментално опкружување, за одржлив развој, за мир, против насилство, расизам и омраза од секој вид.
- Купувајќи
Лице в лице им помагате на многумина – повеќе луѓе ќе добијат можност да се тргнат од улицата, која засега им е единствената адреса.
- Читајќи
Лице в лице си помагате себеси – на единствен и инспиративен начин ќе сознаете дека светот може да се гледа и со други очи и дека состојбите зависат од нас.
Ќе бидеме критични, но и позитивни!
Нè интересираат, пред сè, добрите дела, новите корисни идеи и ...
Прочитај повеќе Лице в лице е непрофитно, независно улично списание, посветено на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Претставува пионерски чекор на полето на социјалното претприемаштво во Република Македонија и е единствено улично списание во земјата. Се залагаме за човековите права, за правата на загрозените и на магринализираните групи и поединци, за вредноста на модерното општество, за соработка и за поврзување, за здраво физичко и ментално опкружување, за одржлив развој, за мир, против насилство, расизам и омраза од секој вид.
- Купувајќи Лице в лице им помагате на многумина – повеќе луѓе ќе добијат можност да се тргнат од улицата, која засега им е единствената адреса.
- Читајќи Лице в лице си помагате себеси – на единствен и инспиративен начин ќе сознаете дека светот може да се гледа и со други очи и дека состојбите зависат од нас.
Ќе бидеме критични, но и позитивни!
Нè интересираат, пред сè, добрите дела, новите корисни идеи и практики, активности што „работат“ во прилог на позитивните промени. Ќе ги афирмираме тие што се трудат да ги ублажат негативните ефекти, кои на нов начин ги разбираат проблемите и се обидуваат да ги објаснат, а особено тие што активно придонесуваат за нивното ублажување. Ќе ги охрабруваме сите напори (во сите области) што придонесуваат за социјална, културна и за економска вклученост, одржлив развој, за здравјето на планетата, ефикасна заштита на јавниот интерес.
Се залагаме за:
- Демаргинализација на групи, поединци, идеи, за вклучување, а против исклучување.
- Зачувување на здрава и одржлива животна (физичка и ментална) средина, а против загадувањето од секој вид.
- Афирмација на јавните простори, јавниот интерес, а против недостапност и узурпација.
Промовираме вклучувачки трендови, кои придонесуваат за барем минимално ублажување на проблемите: добри резултати, успешни примери, нови идеи и програми во секојдневниот живот, уметност, култура, граѓански активизам, економија, теорија, спорт.
Нè интересираат луѓе, случувања, акции, уметнички дела, идеи, научни откритија, нови или стари теории, случувања од минатото, сето тоа на што му е заедничко активистичкото, инклузивното и напорите да се постигнат добри резултати.
Лице в лице како еколошко списание, се печати на рециклирана хартија, а е посветено на испитување на односот на поединецот и на неговото ментално и физичко опкружување. Покрај физичкото загадување, изложени сме и на културна и на ментална вредносна контаминација. Се бориме за општество во кое економијата и екологијата ќе дејствуваат во хармонија.
Настојуваме да укажеме на облиците на системска ментална контаминација (медиуми, образование, јавно дејствување, пропаганда и сл.) на кои е изложено општеството и да поттикнеме некои акции што би можеле да ги ублажат последиците од тоа. Преку овие принципи ќе се трудиме да поттикнеме што повеќе луѓе и да ги помрднеме од фотелјите во акција, од набљудувачи кон учесници.
Кога пишуваме, известуваме, рецензираме, правиме интервјуа, фотографираме, дизајнираме, дебатираме и полемизираме, кога зборуваме за настани, акции, појави, успеси, последици, планови, резултати, уметност, правда и економија, технологија и земјоделство, здравство, историја, екологија, храна или спорт, секогаш ќе ни биде пресудно (секако, не и единствено важно) колку тоа случување, личност, организација, идеја, теорија или практика:
- придонесуваат за ублажување на кој било вид изолираност, исклученост или маргинализација или, за жал, влијаат за нејзиното настанување;
- колку се (искрено) во духот на концептот на одржливиот развој, колку влијаат на намалувањето на загадувањето или придонесуваат тоа да биде поголемо, колку придонесуваат за одржлива иднина;
- колку се во функција на јавниот интерес или колку го узурпираат.
Кој нè интересира?
Активизам и активисти.
Тоа се тие што го гледаат светот со други очи, кои и нам ни помагаат во таа вештина. Тоа се тие што имаат што да кажат, но кои никој, или ретко кој ги прашува. Тоа се тие што секојдневно, вредно и покрај многуте тешкотии, работат на тоа општеството да биде подобро. Тоа се тие непознатите (или помалку познатите), кои се залагаат за слични работи секаде на светот. Тоа се тие што често говорат, но не за овие теми и не на овој начин. Тоа се тие што на кој било начин се тргнати настрана, маргинализирани, тие што се малцинство, кои дејствуваат на маргините, како и тие што, борејќи се за основните вредности, имаат нови, добри идеи. Тоа се тие што нудат решенија. Тоа се нашите продавачи, но и сите други со слични судбини. Тоа се луѓе и организации, институции, кои се грижат. Тие што мислат дека има надеж и вреди да се потрудиш, тие што се трудат и покрај сè да им биде подобро ним и на другите. Тоа се тие што веќе здобиле име во својата професија, кои се борат за истите вредности како и ние, но и тие што сега почнуваат да ја градат својата репутација на исти принципи.
Кој не нè интересира?
Лице в лице e простор и платформа за добри дела. Нема да се занимаваме со тие што го загадуваат и расипуваат, туку само со тие што се грижат да има подобар свет. Тој што го прави тоа, а не е споменат кај нас, ќе знае дека треба да се менува, да се активира, да се разбуди или само да се потруди повеќе.
„Клучните теми“ во нашето општество и во медиумите не се навистина клучни, тие се наметнати како такви. Ние иницираме кампањи и акции, пишуваме филозофски есеи, но и практични совети, пласираме нови и различни мислења, ја следиме активноста, поддржуваме и создаваме коалиции, шириме теориски, но и практични знаења и вештини, инспирираме акција.
Ќе се обидуваме да воведеме нова, отворена, поинаква и поразновидна дискусија во јавниот дискурс. Дискусија што се однесува на темите во областите од неконвенционалното мислење, презентирајќи ја на нов, поинаков, провокативен и делотворен начин.