Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач.

Дел од продавачите, оние кои пред сè се соочуваат со здравствени предизвици, нема да ги видите на улиците на градовите, во директна комуникација со вас,  читателите.  Други пак, иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајновски
Игор Шајновски
Кристијан Марковски
Кристијан Марковски
Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела
Солидарната петорка од Волково, Пепи, Мариче Кате, Горде и Анабела
Севда и Верче од Неготино
Севда и Верче од Неготино
Валентин Ракип