Eтички насоки за креирање содржини

Како еколошко списание, „Лице в лице“ се печати на рециклирана хартија. Посветено е, меѓу другото, и на испитување на односот на поединецот и на неговото ментално и физичко опкружување.

ОСНОВНИ ПАРАМЕТРИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИМАТЕ НА УМ ВО ВРСКА СО ТЕКСТОТ

Форматирање на текстот
Главниот текст треба да е напишан во фонт Calibri 11 и да е меѓу 800 и 1000 зборови.
Ве молиме користете македонска поддршка.

Цитати, изјави
Доколку во текстот користите придружни цитати или изјави, наведете го авторот веднаш по наведениот цитат. При користење изјави од луѓе кои се клучни за текстот, наведете ги со име и презиме и со професија/занимање кој е клучен за контекстот за кој ги консултирате.

Содржина на текстот
ПРВ ДЕЛ
Почнете со главниот аспект / предизвикот за кој што зборувате во текстот. Опишете го во неколку реченици. Доколку користите изјави / цитати, можете да ги внесете како поткрепа на воведниот дел.
ВТОР ДЕЛ
Овде влегувате во поширока елаборација на проблемот, контекстот, причините, последиците, односно ги опфаќате сите аспекти што сметата дека се релевантни за предизвикот за кој што пишувате.
Потоа, може да опфатите и аспекти кои се однесуваат на главниот предизвик, но и кои го дообјаснуваат, му даваат контекст, го појаснуваат.
ТРЕТ ДЕЛ
Објаснете и за решенијата, добрите практики од светот (со наратив и / или со изјави/цитати).

Дополнителни материјали поврзани со текстот
Доколку имате фотографии, илустрации, инфографици или друг тип визуелна содржина која е компатибилна со текстот, ве молиме да ги испратите како посебни документи, во истиот мејл со испраќањето на текстот. Ве молиме да не ги внесувате овие материјали во ворд документот.
Особено е важно да бидат со висока резолуција за да се соодветни за печат (фотографии со минимална резолуција од 3200 x 2400 пиксели и 300 dpi) и да имате дозвола од авторите на овие материјали за нивно објавување во „Лице в лице“.
Потребно е да ги наведете и авторите на ваквите дополнителни материјали, за да бидат соодветно атрибуирани во списанието.

Автор (внесете име и презиме)
Авторот е (внесете како да ве атрибуираме, професија / занимање, позиција)
Наднаслов, наслов, поднаслов и меѓунаслови (авторот дава предлог, уредникот е одговорен за финалната форма)

НАПОМЕНА

Уредничкиот тим на „Лице в лице“ го задржува правото за уредување на текстот. Во некои случаи ќе бидат направени интервенции кои ќе бидат посочени кај авторите, но, таквите интервенции нема да ја менуваат суштината на текстот.

Доколку е потребно, уредничкиот тим ќе побара доработка на текстот кај авторите, со цел појасно да се пренесе главната идеја која треба да стигне до публиката на списанието.

Редакцијата на „Лице в лице“ не секогаш целосно се согласува со ставовите изнесени во списанието.
Тие се одговорност на самите автори.

Текстови, графички прикази, илустрации, фотографии и друг материјал создадени за потребите на списанието, можат да се редистрибуираат и изложуваат, со претходна согласност на издавачот и со негово атрибуирање.

Вашите текстови испраќајте ги на мејлот [email protected]
Ви благодариме 🙂