Продавачи на „Лице в лице“

Нашите продавачите се микропретприемачи на кои „Лице в лице“ им е важна алатка за социјално и економско зајакнување, но, и отскочна даска во нивните следни чекори на отворениот пазар на труд.

Како продавачи на списанието таргетираме ранливи сограѓани кои сакаат да направат позитивна промена преку работен ангажман. „Лице в лице“ овозоможува социјализација преку работен ангажман. Половина од продажната цена е директен приход за продавачите, 10% остануваат за координаторите на продавачите кои се регрутираат преку локални партнерски организации, а останатите 40% се користат за печатење на списанието и за развој и спроведување на програмите во кои што се вклучени продавачите.

Асоцијацијата „Паблик“, која е издавач на списанието, ја координира и Мрежата на партнерски организации, која ја сочинуваат партнерски организации. Партнерските организации се одговорни за дистрибуција и продажба на списанието во пет градови во земјава. Тие ја координираат и ја поддржуваат работата на своите продавачи на терен и ги менторираат во нивниот развој.

Игор Шајноски

Продавач

Кристијан Марковски

Продавач

Доколку сте организација која работи со одредена целна група или пак едноставно познавате лице на кое „Лице в лице“ може да му влијае да направи значајно поместување од ранливата состојба во која се наоѓа – следниот чекор е контакт со нас.

Секој потенцијален продавач на „Лице в лице“ добива:

  • Обука пред стартот на процесот на продажба
  • Стартни 5 бесплатни броеви, а потоа се продолжува со откуп на списанијата
  • Униформа и легитимација

За сите прашања поврзани со тоа како се станува продавач на „Лице в лице“, контактирајте нѐ нас, или одговорното лице од организацијата од нашата Мрежа, која е најблизу до вас.

„Лице в лице“ МРЕЖА:

Скопје

Црвен крст на град Скопје

Одговорно лице: Драгана Лазаревска
[email protected]
Продавачи: Хасан Аметовски, Кристијан Марковски, Кристијан Пешевски, Горан Станковски

Центар за заштита на правата на детето – Дневен центар за деца на улица Шуто Оризари
Одговорно лице: Ирена Велкоска
[email protected]
Продавачи: Рамајана Реџепи, Ајтен Илијази, Самир Џаферов, Сунај Камбер, Амир Дестанов, Рахман Реџепи.

„Порака Неготино“ – Волково

Одговорно лице: Кристина Николовска
[email protected]
Продавачи: Анабела Мередиева, Гордана Малинова, Ката Велкова, Перјана Демир.

Битола

МКЦ Битола
Одговорно лице: Ирена Туфекчиева
[email protected]
Продавачка: Мубија Милошевска.

Неготино

„Порака Неготино“ – Неготино
Одговорно лице: Валентина Тасева
[email protected]
Продавачи: Верче Христова, Севда Ибраимова, Џемал Алиев, Коста Цековски, Блаже Митев, Христина Петковиќ

Струга
„Порака Нова“- Струга
Одговорно лице: Стефан Малески
[email protected]
Продавач: Игор Шајноски

Придружете му се на продавач на „Лице в лице“ во процесот на продажба

Продавачите на Лице в лице секојдневно ја чекорат својата рута која значи исчекор од состојбата во која се наоѓаат. Во овој процес на работен ангажман, учат како да да ги зајакнат своите капацитети, а ние, и граѓаните и воопшто, општеството, учиме да ја вреднуваме одлуката која значи градење нови навики и однос кон идните успеси. Сето ова е процес на социјална инклузија и интеграција.

Замислете, колку ќе биде силна ваквата иницијатива кога на нашите продавачи ќе им се придружи некој кој го препознава и вреднува она што тие го прават. Има неколку начини на кои можете да им се придружите, но, секогаш постои можност да дадете и нов предлог.

  • Придружба на продавач во одреден реон, во времетраење по договор (30 до 40 минути)
  • Неформална дружба со продавач/продавачи – ќе разговараме за мисијата, начините на партнерување и соработка
Доколку ова ви изгледа како нешто што можете да го реализирате, контактирајте нè, а ние ќе ви организираме дружење.
Ве очекуваме на [email protected] или на 02 2 466 444.

 

Оваа акција вообичаено ја правиме во соработка со компаниите, организациите и инсистуциите кои нè канат да им бидеме гости. Во рамки на средбата нашите продавачи го нудат најновото издание на „Лице в лице“ на вработените, а активностите ги објавуваме на нашите социјални мрежи.
Менаџментот на компанијата/организацијата/институцијата одвојува одреден дел од денот (вообичаено половина час, во термин по договор) и ги информира вработените дека можат да купат примерок од списанието.
Ваквата акција делува и инклузивно за нашите продавачи, и во исто време е дел од општествено одговорните практики на различните компании и организации.
За продавачите на „Лице в лице“, гостопримството и пријателското опкружување се значаен мотивациски фактор во понатамошната социјализација и интеграција во општеството. За вработените пак кои ќе бидат домаќини на овие средби, значајно е чувството кое го поттикнува мисијата на „Лице в лице“, вербата во решенијата во насока на одржливи општества и грижата едни за други.

Поканете продавач на гости!
За да ја закажеме средбата, контактирајте нè на [email protected] или на 02 2 466 444.

Ја посочуваме и опцијата за претплата за списанието, а сите информации поврзани со ова можете да ги најдете во делот ПРОДАВНИЦА.