ПРВА ЕДИЦИЈА

Женските прашања – инспирација на дизајнерката Руки Чуки!

„Добри картички“ се комплементарен производ на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во чиишто рамки излегува и истоименото улично списание. Картичките се креирани со намера да го свртат вниманието на јавноста кон важни теми од нашето општествено живеење, да понудат нов производ на нашата публика и да вклучат уметници како кокреатори на Платформата. До сега имавме две изданија на „Добри картички“. Првите беа креирани во рамки на одбележувањето на 10-годишнината од својата работа и постоење. Илустрациите се на Ружица Мандичевска (Руки Чуки), а реченичките кои ќе ги најдете на нив се на тимот на „Лице в лице“. Темата е унапредување на грижата за себе кај жените.

– Со оваа едиција прославивме една деценија од дејствувањето на мисијата преку која го унапредуваме квалитетот на животот на ранливите сограѓани, но и укажуваме на потребата од постоење систем во кој сите се еднакви. Со „Добрите картички“ посочуваме дека женските прашања не се само предизвици за жените, туку за сите нас. Причитајте го интервјуто со Руки Чуки на овој линк.

ВТОРА ЕДИЦИЈА

Илустрацијата ја нуди слободата која ми недостигаше!

Втората едиција на „Добри картички“ ја изработи илустраторката Андреа Бојковска. Со овие картички, намерата беше да понудиме на публиката креативен производ со кој ќе може да посака добри желби, притоа, внимавајќи на дозата хумор, која треба да го орасположи крајниот корисник. Бојковска работи како фриленс илустраторка. Нејзините вредности, хуморот, боите кои ги користи во нејзините илустрации, но и нејзината проактивност и иницијативност, беа клучните елементи поради кои токму со неа ја реализиравме соработка за втората едиција на „Добрите картички“ на „Лице в лице“.