Пакет новогодишни честитки 3: Дојди да те гушнам!
350 ден
Сакате гушањето да трае, да трае, да трае? Не можете да останете уште малку… барем уште малку?
Овие честитки ќе останат со вашите блиски, чувството на топлина бидете сигурни дека трае!
Овој новогодишен пакет содржи 4 печатени честитки, кои се на преклоп и доаѓаат со плик. Во пакетот ги добивате следниве мотиви: BFF на Иван Петрушевски – ФЛИМ;
I’ll keep you safe на Георги Равански;
Bear Hug на Зоран Инадески;
Tree Ride на Андреа Бојковска.
Достава: 150 денари.
Честитките на веб-продавница со 100% влог во заедницата
Оваа година, целата колекција на дизајнерски честитки на „Лице в лице“ е достапна и онлајн. Секој мотив е создаден од македонски уметници кои ја поддржуваат нашата мисија уште од самиот старт – Андреа Бојковска, Ване Костуранов, Варвара Николова (Ва Дот), Георги Равански, Зоран Инадески, Иван Петрушевски (Флим), Кокидо, Ружица Мандичевска (Руки Чуки). Огромна гушка и благодарност до сите нив.
Секој денар од онлајн продажбата го вложуваме назад во заедницата за:
- Развој на нови производи кои овозможуваат работна интеграција
- Унапредување на платформата „Лице в лице“
- Социјално менторство за нашите продавачи
- Развој на Мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“
- Креирање нови можности за вработување и ангажман
Кога ќе ја испратите честитката, испраќате и порака дека верувате во инклузивно, праведно и солидарно општество.
Во делот од годината каде што споделуваме убави желби и подароци, вие правите инвестиција во луѓе, во иднина, во промена.
Секоја честитка што носи радост кај вас и вашите блиски, се претвора во можност за „Лице в лице“ – за нашите продавачи и за заедница која вложува во себе.
.#МоментЗаПромена
#ЛицеВЛицеЧеститки
| Печатени Честитки |
Печатени Честитки |
|---|
