Пакет новогодишни честитки 2: Желбите да ми стигнат до тебе
250 ден
Вашите блиски не можат секогаш да бидат близу до вас. Тоа не е проблем со честитките кои ти велат дека следат моменти на промена. Со овој пакет вашата желба може да стигне каде и да ја испратите.
Oвој пакет честитки содржи 3 печатени мотиви, кои се на преклоп и доаѓаат со плик. Во пакетот ги добивате следниве мотиви:
Winter Kiss на Ружиаца Мандичевска – Руки Чуки;
Star Whisperer на Ване Костуранов;
Together we stand на „Кокидо“.
Достава: 150 денари.
Честитките на веб-продавница со 100% влог во заедницата
Оваа година, целата колекција на дизајнерски честитки на „Лице в лице“ е достапна и онлајн. Секој мотив е создаден од македонски уметници кои ја поддржуваат нашата мисија уште од самиот старт – Андреа Бојковска, Ване Костуранов, Варвара Николова (Ва Дот), Георги Равански, Зоран Инадески, Иван Петрушевски (Флим), Кокидо, Ружица Мандичевска (Руки Чуки). Огромна гушка и благодарност до сите нив.
Секој денар од онлајн продажбата го вложуваме назад во заедницата за:
- Развој на нови производи кои овозможуваат работна интеграција
- Унапредување на платформата „Лице в лице“
- Социјално менторство за нашите продавачи
- Развој на Мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“
- Креирање нови можности за вработување и ангажман
Кога ќе ја испратите честитката, испраќате и порака дека верувате во инклузивно, праведно и солидарно општество.
Во делот од годината каде што споделуваме убави желби и подароци, вие правите инвестиција во луѓе, во иднина, во промена.
Секоја честитка што носи радост кај вас и вашите блиски, се претвора во можност за „Лице в лице“ – за нашите продавачи и за заедница која вложува во себе.
.#МоментЗаПромена
#ЛицеВЛицеЧеститки
| Печатени Честитки |
Печатени честитки |
|---|
