Новогодишна честитка GIF: Never Alone, Зоран Инадески
200 ден
Нашите најдраги може да се на сите страни на светот. Е, оваа честитка е баш за вашите пријатели, роднини, сакани, насекаде низ светот.
Кажете му на некого дека никогаш не е сам/а со оваа честитка на Зоран Инадески, нашиот прв дизајнер кој живее и работи во САД.
Never Alone, Зоран Инадески
GIF честитка
Честитките на веб-продавница со 100% влог во заедницата
Оваа година, целата колекција на дизајнерски честитки на „Лице в лице“ е достапна и онлајн. Секој мотив е создаден од македонски уметници кои ја поддржуваат нашата мисија уште од самиот старт – Андреа Бојковска, Ване Костуранов, Варвара Николова (Ва Дот), Георги Равански, Зоран Инадески, Иван Петрушевски (Флим), Кокидо, Ружица Мандичевска (Руки Чуки). Огромна гушка и благодарност до сите нив.
Секој денар од онлајн продажбата го вложуваме назад во заедницата за:
- Развој на нови производи кои овозможуваат работна интеграција
- Унапредување на платформата „Лице в лице“
- Социјално менторство за нашите продавачи
- Развој на Мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“
- Креирање нови можности за вработување и ангажман
- Кога ќе ја испратите честитката, испраќате и порака дека верувате во инклузивно, праведно и солидарно општество.
Во делот од годината каде што споделуваме убави желби и подароци, вие правите инвестиција во луѓе, во иднина, во промена.
Секоја честитка што носи радост кај вас и вашите блиски, се претвора во можност за „Лице в лице“ – за нашите продавачи и за заедница која вложува во себе.
.#МоментЗаПромена
#ЛицеВЛицеЧеститки
| GIF Честитка |
GIF Честитка |
|---|
