#40 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден (+0% ДДВ)

Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини. Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“.

На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време – давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.

„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

Информации за испорака: 3-5 работни денови

Нема на залиха

35 се на оваа страна
Опис

АКТУЕЛНО ВО НОВИОТ БРОЈ

6 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: СЕДИ СИ ДОМА И ЧИТАЈ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – ИНИЦИЈАТИВА ШТО НЀ ОБЕДИНИ
Пн.Ковид-19 беше удар за продавачите на уличен печат низ светот. Но, се обидовме проблемот да го гледаме како предизвик, се загледавме во можностите и создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, која се обедини во спроведување на решението. И ја остваривме целта – на ниеден од продавачите не му беше загрозена егзистенцијата.

10 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА:
НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЧОВЕКОТ –  ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕВОЛУЦИЈА
Како би можело да изгледа едно сценарио за тоа што е неопходно да се направи сега, кога светот е сведок на моментот на пауза од кој, можеби, може да се почне одново. На страниците пред вас се изјави од тројца научни работници и практичари дадени за „Фајненшал тајмс“, „Ла република“, „Хафингтон пост“ и „Медиум“. Преку нивните размислувања се кристализира можно, но и моќно сценарио базирано на нивната долгогодишна научна и претприемачка историја за тоа што е можно во периодот што е непосредно пред нас.

22 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: ПОСТОЈНИОТ ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ НЕ ДОНЕСЕ ПОСАКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ, ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ
Во контекст на  Агендата за одржлив развој 2030 година, неопходно е да го негуваме развојот на социјалните претпријатија како ефективна алатка во трансформирањето на светот и на економијата. Нив треба да ги гледаме како основа за локален развој, која ги регенерира и развива локалните области преку нови работни места, мобилизација на локалните ресурси и капацитети, управување на ризиците и реинвестирање на остварениот профит.

26 ОДГОВОРНА ИДНИНА: ИГНОРИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ: ПОЧВА, СОНЦЕ, СЕЛО
И покрај тоа што од селата ни доаѓа највкусната еколошка храна, системот и понатаму ги заборава. Ако продолжи ова темпо на иселување за десетина години  ќе јадеме увезена храна без никаква гаранција за квалитет. Поголемите градови Скопје, Тетово и Битола ќе станат уште понехумани за живеење, а нашите планински села ќе бидат речиси празни.

38 ОБРАЗОВАНИЕ: УЧИЛИШТЕТО Е РОДНО МЕСТО НА НОВИОТ ПОДОБАР СВЕТ
Суштината на образованието бара од нас да го научиме детето како да биде вистински човек, како да се соочи со животот, како да успее и, што е најважно, како да биде, навистина, среќно.

Услови за испорака и рефундирање

Политика за испорака

Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.

Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

Доставата на честитките/картичките во земјава чини  170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.

Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.

Враќање на производи и рефундирање на средства

Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.

Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.