Приказ на сите 10 резултати

#49 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда. Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат. Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит. Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#48 Лице в лице – печатено издание

100 ден
„Лице в лице“ број 48 ја носи темата партнерства за развој и позитивни промени. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#47 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 47: Вистината е еднина, лажните вести се множина! Лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#46 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 46: Време е за одговорно патувачко искуство! Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#45 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 45: Иднината на работните места е концентрирана на човекот. Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#44 Лице в лице – печатено издание

100 ден
„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“. Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#43 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
„Лице в лице“ број 43 е посветен на темата Иднината на правата на човекот Во овој број се даваат одговори на прашањата како: Во чии раце се алатките за „поправање“ на расипаниот механизам за заштита на работничките и на човековите права, кој, очигледно, откажува во услови на поголема глобална криза, како што е актуелнава? Кај работодавците, кај работниците, кај владата, кај граѓанскиот сектор или во соработката, дијалогот што сите тие треба да го развијат? Како здравствената криза ќе го промени начинот на кој работиме и живееме? Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си

#42 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
„Лице в лице“ број 42 е посветен на образованието кое ќе создава генерации со вредности, во кое наставниците континуирано ќе се развиваат професионално и ќе креираат часови кои што ќе ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците, ќе ги мотивира и ќе ги гради во индивидуалци, човечки капитал што ќе го движи општеството напред, кон одржлив развој. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#41 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини. Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна. Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“. На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани. „Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

#40 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини. Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна. Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“. На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани. „Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.