„Me радува што со кодот KupivOdKiko имам можност да работам каде и да сум“

Кристијан Марковски е дипломиран комуниколог. Тој е вклучен како продавач од редовите на „Паблик“, а е и долгогодишен волонтер на Црвениот крст на Град Скопје. Ќе го препознаете по харизмата и секогаш насмеаното лице, но и по одговорноста и упорноста.
Преку социјалните мрежи, кои, вели, се идеална алатка и за продажба на „Лице в лице“, Кико редовно комуницира со своите пријатели и поддржувачи:
– Me радува што со кодот KupivOdKiko имам можност да работам каде и да сум. Освен што ќе купат списание или годишна претплата, не заборавам на моите поддржувачи да им кажам и да го читаат списанието, за да ја одржуваат својата мисла здрава и активна – вели Кико

Сам си кажа тој, кодот за него е KupivOdKiko, а прочитајте повеќе за него, на овој линк.
Негова желба е да стане телевизиски новинар, па преку социјалното менторство, тој се насочува кон оваа цел. Така, со поддршка на тимот на „Лице в лице“, Кико ги гради своите вештини во креирање видео содржини. Почетните обиди се во формат на reels на инстаграм, кои може да ги видите на профилот на „Лице в лице“.

Прегледајте ги опциите подолу, потоа наполнете ја кошничката и прегледајте ја. При прегледот во полето за внес на код на купувач, внесете го кодот на KupivOdKiko. Така, Кико ќе знае дека сте негов верен купувач.