Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.
Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!