#43 „Лице в лице“

100 ден

43-тиот број е посветен на иднината на правата на човекот.
Што добивате?
– пристап на сите содржини на дигиталната платформа на „Лице в лице“  во времетраење од два месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето, со вашата мејл адреса, која ја внесувате овде при плаќањето.
Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани. Купувајќи единечно издание, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин:
– кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон. Прочитајте овде за продавачите и нивните кодови.
или
– во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.

„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

92 продадени во последни 3 минути
26 се на оваа страна
Опис

Во „Лице в лице“ број 43 читаме:

ИНВЕСТИРАЈ ВО ПОДОБРО ОПШТЕСТВО, БИДИ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЦАТА НА „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“!
Секој од нас може да направи промена и да придонесе кон поеднакво општество. Членството на оваа веб платфрома и порастот на оваа заедница значи чекор поблиску кон оваа намера.

НЕОПХОДНО Е ДА ТРГНЕМЕ ПО НОВ ПАТ. СЕГА!
Интервју со Мохамед Јунус, нобеловец
„Се претворивме во погрешни, себични луѓе. Ова е насоката што економијата ни помогна да ја создадеме за себе. Најдобрата одлука е да не се враќаме назад.“

„ПРЕСПАВ“ ГО ДРЖИ БУДЕН ГРАЃАНИНОТ ВО НАС
Серијата ни покажа дека сме заситени од информации за тоа како живеат политичарите, кои закони ги прекршиле и за што се осомничени. Тоа и така постојано го читаме во медиумите. Понекогаш е потребно да дознаеме кои сме ние и колку е чесен животот што го живееме. Само така можеме да бидеме подобри граѓани

ПРИКАЗНИ-БУДИЛНИЦИ ЗА ПРАВАТА НА РАНЛИВИТЕ СОГРАЃАНИ
Преку приказните на неколку продавачи на „Лице  в лице“, пренесуваме кои се надминатите предизвици во поглед на нивната социјална инклузија, обезбедување и примена на тоа што значи човекови права, но и елементи каде што системот затајува, кои е неопходно што поскоро да се надминат

ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА ТЕСТ – СОЗДАВАМЕ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ИДНИНАТА
Во чии раце се алатките за „поправање“ на расипаниот механизам за заштита на работничките и на човековите права, кој, очигледно, откажува во услови на поголема глобална криза, како што е актуелнава – кај работодавците, кај работниците, кај владата, кај граѓанскиот сектор или во соработката, дијалогот што сите тие треба да го развијат? Како здравствената криза ќе го промени начинот на кој работиме и живееме?

ПРИВАТНОСТА Е НЕПРИКОСНОВЕНО ПРАВО И НА ИНТЕРНЕТ
Тоа што сите граѓани треба да го знаат во врска со приваноста на интернет е дека кликнувањето на копчето „се согласувам“, при инсталирање апликација или отворање профил на социјалните мрежи, има иста законска важност како ставање потпис на хартиен договор

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛНОСТ, А НЕ САМО ЛЕКЦИЈА
Теоретските основи за човековите права во образованието се солидно поставени, но проблемот настанува кога тоа што го учат децата не го гледаат во вистинскиот живот, а со самото тоа, не се ниту способни, ниту расположени да се изборат за него

ТИВКИ ХЕРОИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ
Пандемијата изроди многу инспиративни акции што говорат за човековата дарежливост. Многу често предводени од поединци што имаат цел да помогнат и да ги олеснат последиците предизвикани од кризата во која сме сите. Без разлика дали со збор или со пари, хуманите граѓани помагаат каде што можат и со што можат. Кај луѓето се разбуди солидарност и изгради столбови на кои можат да се потпрат во овие времиња на неизвесност

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД ВИРУСОТ КОРОНА
Штетните микрочестички од воздухот, особено во зимскиот период, може да предизвикаат здравствени проблеми како инфаркт, мозочен удар, дијабетес и висок крвен притисок. Но, во најновата брза студија од Универзитетот „Харвард“, во сегашнава новонастаната ситуација, овие заболувања се сметаат за подлога што го зголемува ризикот од компликации и од фатален исход од инфекцијата со вирусот корона

ИЗОЛАЦИЈА ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СРЕДИНА 
Поголемиот дел од мерките за останување дома влијаеја на интензивно зголемување на стресот, фрустрациите, стравот и на силна загриженост за иднината, кои се поттик за агресивно однесување, насилно решавање на конфликтите и зголемена примена на семејно насилство. Ова директно ги изложува на ризик жените и децата што се принудени да останат во домот со сторителите на насилство

РОДИТЕЛСКО СОГОРУВАЊЕ = СТРЕС+МОРА+ТРЕБА
Кога родителот во подолг временски период се бори за да опстане, му се уништува и најмалиот атом на задоволство од живеењето. Тој се гаси, станува автомат, не успева да понуди ништо друго, освен гола егзистенцијална филозофија, нерегулиран афект, автоматска нерасположеност, казна и обвинување

„НЕМАТЕ ШАНСА КАКО ГЛУВИ ЛУЃЕ ДА СЕ ЗАНИМАВАТЕ СО БИЗНИС!“ ПОГРЕШНО!
Државата нè гледа само како бравари или шнајдери. Што ако не сакате да бидете бравар? Сте се родиле глув, ама не сакате да сте бравар… Велиме ни требаат демократски процеси, сакаме да бидеме демократско општество, ама тапкаме во место со старите навики и со старите постапки, вели претприемачот Мартин Ангелов

ДЕЦАТА НЕ СЕ РАЃААТ СО ПРЕДРАСУДИ
Ако ги надминеме предрасудите во една област, тие полесно ќе паднат во некоја друга. Целта ни е да ги инспирираме луѓето да направат промени преку позитивни примери и идеи, вели Пер Јохансон, основач на театарот „Глада Худик“ во Шведска, чијашто проектна иницијатива се воведува како пилот – проект и во четири скопски основни училишта

ШТО ПРАВАМ ДЕНОВИВЕ…
Пандемијата донесе големи промени во нашиот живот. Почесто сме дома, работиме и учиме преку компјутер и поретко се гледаме со нашите пријатели. Овие промени ги чувстввуаме сите, но, не секој од нас зборува за нив. Објавуваме збирка приказни на пет момци и девојки со Даунов синдром

НЕЗНАЕЊЕ ШТО РАЃА ПРЕДРАСУДИ
Со помош на антиретровирусната терапија, лицата што живеат со ХИВ можат да живеат сосема нормално, како и сите други, а вирусот не може да се пренесе дури ни по сексуален пат од лица што редовно ја примаат својата терапија. Сепак, обележаноста и стравот сè уште остануваат прва асоцијација за ХИВ

РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА НА ЛУЃЕТО СО ПОПРЕЧЕНОСТ НЕ НИ СЕ СИЛНА СТРАНА
Често, на работникот – лице со попреченост, не му се исплаќа целата сума што е субвенционирана од државата и најчесто, по истекот на субвенционираниот период – го губи работното место

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРАВА НЕ ВАЖАТ АКО СТЕ ЖЕНА ОД СЕЛО
Недостапен и непристапен јавен превоз, намалени шанси за вработување, намалени можности и вклучување во високото образование, недостиг од чиста вода за пиење, лоша инфраструктура, непостоење амбуланти, ниту достапен лекар… Сето ова се одразува на женското сексуално и репродуктивно здравје на жените што живеат во рурални подрачја

СУВОДОЛ – АВТЕНТИЧНО ИСКУСТВО ЗА ОДГОВОРНИ ПАТНИЦИ
На гостите во Суводол, може да им биде овоможено незаборавно искуство каде што барем неколку часа ќе пасат овци, ќе вкусат скромна, но, вкусна овчарска ужина и ќе уживаат во тишината и во овчарските приказни.

ПРОБИВ НА ВИСТИНАТА НИЗ „КОРИДОРИТЕ“ ОД ЛАЖНИ ВЕСТИ
Дезинформациите на социјалните мрежи се шират со 70 отсто поголема веројатност, отколку самата вистина, а на вистинските стории им треба шест пати повеќе време, отколку на лажните, за да стигнат до публиката

ЖЕНИТЕ ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА ВО РАЗВОЈ НА СТАБИЛНО ОПШТЕСТВО
Блог на странец: Клеменс Која, амбасадор, Шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје: Aко сакаме да предизвикаме големи општествени промени, треба ад почнеме да се менуваме самите себе

ОТВОРЕН ГРАД ГО ЗАСИЛУВА ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ
Концептот се очекува да ја поттикне конструктивната соработка на локалната власт со жителите за обезбедување подобри јавни услуги и да го унапреди користењето на отворените податоци со цел решавање на проблемите во локалната заедница

Донирај за ЛВЛ