#45 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Лице в лице број 45: Иднината на работните места е концентрирана на човекот.

Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги.

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

Нема на залиха

33 се на оваа страна
Опис

„Лице в лице“ број 45. ја носи темата „Иднината на работните места“.

Издвоена содржина:

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРОДАВАЧOT АЛМИР МУСТАФА
Ако не бев продавач на уличното списание, ќе бев тоа што ме учеше вујко ми да бидам –  молер. А, ако ме прашате зошто молер, затоа што сакам кога правам промена и од неуредно станува чисто и бело. Многу ја сакам промената, вели младиот продавач на списанието за одржлив развој „Лице в лице“

ТЕМА НА БРОЈОТ: ИДНИНАТА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА
Во отсуство на проактивни напори, нееднаквоста во светот може само да расте поради двојниот ефект од технологијата и пандемиската рецесија. Токму затоа светот сега, а и после пандемијата бара кокреирање, спојување на заедничките сили со цел создавање нов систем каде социјалната економија ќе биде главен актер во развојот на традиционалната економија, а главниот фокус ќе биде ставен на позицијата на највредниот ресурс – луѓето.

СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО И ИНОВАЦИИ – МОСТ ДО ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО
Инклузивните претпријатија и инклузивните работни места поттикнуваат социјална и економска благосостојба, но и намалување на нееднаквоста преку интегрирање на ранливите групи на пазарот на трудот. За ова e клучна соработката меѓу триаголникот од институции, граѓански организации и од бизнис-сектор

ИНТЕРВЈУ СО ЧАРЛИ ФЕЛГЕЈТ, ЛИДЕР ЗА ВИЗИЈА НА „ДЕКАТЛОН“: ВРАБОТУВАМЕ СПОРЕД ВРЕДНОСТИ, НЕ СПОРЕД КВАЛИФИКАЦИИ
Во компаниите сме преокупирани со културни разлики и со хиерархија и постои безволност кај луѓето. Истите тие луѓе, за време на викендите може да ги видите како собираат ѓубре или цртаат слики од прекрасни светови во кои сакаат да живеат. Меѓутоа, кога ќе се вратат на работа си ја ставаат онаа маска „работа“ и нивната вистинска личност се крие

ИНТЕРВЈУ СО ЕН-СОФИ ГУНАРСОН, ИКЕА: БИЗНИС-ПАРТНЕРСТВА ШТО СОЗДАВААТ ВРЕДНОСТИ
Важно ми е да споделувам идеи и инспирација за тоа како голема компанија како ИКЕА при­до­не­су­ва кон општествена промена преку соработка со претприемачи, чијшто бизнис-менталитет функ­ци­о­ни­ра преку срцето и кои создаваат одржлива промена преку бизнис со општествено вли­ја­ние, вели нашата соговорничка

ЧАС ПО РОДОВИ ПРАШАЊА: ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД САЈБЕР СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ОД УЧИЛИШТЕ
Виртуелното насилство и вознемирување мора да се сфатат сериозно и да бидат разбрани како родово засновано насилство. Но, казнувањето е само еден дел од решението. Другиот дел е да се даде поголем фокус на сексуалното образование на младите за да се превенира во иднина

ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО:  ТУРИЗМОТ СЀ УШТЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА САМО ЗА ОДРЕДЕНА ГРУПА ЛУЃЕ
Земјава изобилува со природни убавини и со прекрасни места за туризам на езера, реки, планини, археолошки наоѓалишта, културни манифестации, музеи, модерни и традиционални ресторани. За жал, малку од овие локации се пристапни и приспособени, не само за лица со попреченост, туку и за стари и исцрпени лица, а дел од нив ниту за родители со детска количка.

Донирај за ЛВЛ