„Лице в лице“ број 48 ја носи темата партнерства за развој и позитивни промени.
Позитивни општествени промени и постигнување на Целите за одржлив развој е возможно само со заеднички напори на бизнисот, владите и граѓанските организации. Нивната меѓусебна релација е предуслов за создавање одржливи и праведни општества.
Токму ова – креирањето партнерства за развој и позитивни промени, со придобивки за сите граѓани, е клучна тема на 48. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“.
Издвоена содржина
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРОДАВАЧИТЕ: СПЛОТЕНИ ВО СОЛИДАРНОСТА И ВО ИСТРАЈНОСТА – ДА ЗАДВИЖИМЕ ПРОМЕНА!
Годинава во пандемија ја поминавме со многу лекции за истрајност, отпорност, солидарност, заедништво и со ука дека само заедничките заложби го прават системот силен
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: ГРАДЕЊЕ ПАРТНЕРСТВА – КЛУЧЕН ЛИДЕРСКИ ИМПЕРАТИВ ЗА 21 ВЕК
Предизвикот за лидерите е јасен – невозможно е да се постигнат Целите за одржлив развој без забрзување и зголемување на обемот на ангажманот на приватниот сектор и зголемување на заедничките акции на бизнисот, владите и на граѓанското општество
ОДГОВОРНА ИДНИНА: КОГА ОПШТЕСТВОТО Е ВО КРИЗА И ИНДИВИДУАТА Е ВО КРИЗА
Ако едно општество е перманентно под стрес, притисок, неизвесност, тоа ќе активира емоционални обрасци кај граѓаните што постојано се во ситуација да се соочуваат со кризни и неизвесни ситуации. Колку што повеќе трае кризата, толку повеќе се исцрпува снагата за соочување на граѓаните. Ова е основа за појава на болест, и ментална и физичка
ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ: ПОВЕЌЕ ГРАДИНАРСТВО – ПОВЕЌЕ СЕРОТОНИН
Заедничкото градинарство може да разбуди и чувства на заедништво, припадност, зголемена самодоверба, можности за граѓанска самоорганизација и дејствување. „Бостание“, како општествена градина, прераснува не само во упориште на живиот свет и агробиодиверзитет, туку и во жариште што опрашува и расејува идеи за слични иницијативи во јавниот простор
ФЛОРОПЛАНЕТА: РАСТЕНИЈАТА ВО ДОМОТ – ИНСТАНТ ПОДОБРУВАЊЕ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО
Тие можат да поттикнат лачење серотонин, што нѐ прави посреќни и порелаксирани, а истовремено и го подобруваат нашиот имун одговор. „Зелена“ за мене е остварување на еден сон, кој ни самата не бев свесна дека го имам