#49 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.

Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

Нема на залиха

34 се на оваа страна
Опис

Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.

Издвоена содржина

Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО НЕЏАТ КАМБЕРИ: ПРЕТСТАВНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА Z СО ЖЕЛБА ЗА УЧЕЊЕ, ДРУЖЕЊЕ, ВМРЕЖУВАЊЕ
Енергијата што ја носат новите продавачи на „Лице в лице“ секогаш, ама баш секогаш, е свежина, нова перспектива и интереси што поттикнуваат доза на натпревар, знаења и пораст. Затоа, тие си се пронаоѓаат во називот микропретприемачи

КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ДОДЕКА СВЕТОТ НА РАБОТАТА РАДИКАЛНО СЕ МЕНУВА?
Капитализмот „плаче“ за ремонт. Најважните поправки се однесуваат на централниот механизам – работниот однос, или работата. Како концептот на социјална правда и заштита  да се артикулира во услови на новата реалност на работните односи: нови и нестандардни форми на вработување –договори со определено работно време, повремена и привремена работа, сезонската работа, работа на повик, работа преку посредници (преку агенции за привремено вработување)

ЗЕМЈОДЕЛКИТЕ СЕ СТОЛБ НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Прашањето на вклучување на родовите перспективи во главните текови не е само прашање за социјална правда, туку е важно за соочување со сиромаштијата и со невработеноста, обезбедувањето еднакви можности и квалитетен живот. Важно е и дека жените од руралните средини треба да бидат еднакви, не само со мажите во руралните средини, туку и со жените од урбаните средини

ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА
Дигиталната сфера е нараскинлив дел од современото општество. Затоа мораме да се стремиме да ја градиме и развиваме за да биде пристапна за сите граѓани

АКО НЕ ГО ГЛЕДАМЕ ОТПАДОТ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МАГИЧНО ИСЧЕЗНАЛ
Позитивно решение е циркуларната економија.  Наспроти постојниот начин на функционирање, создавање, користење и фрлање, каде што секојдневно се користат производи од земјата, водата и од воздухот, се создаваат производи и потоа се фрлаат, циркуларната економија е еден од начините на соочување со климатските промени

Донирај за ЛВЛ