#51 Лице в лице – дигитално издание

100 ден (+0% ДДВ)

Да го ставиме здравството на здрав пат!

Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на засегнати чинители во креирањето здравствени политики се во фокусот на 51. Издание на „Лице в лице“.

Приватното плаќање за лекови е убедливо најголемиот извор на финансиски тешкотии, забележува Светската здравствена организација (СЗО). Причина – ограничената позитивна листа на лекови и тоа што сиромашните и хронично болните не се ослободени од  партиципација. Граѓаните мораат да даваат пари од свој џеб и покрај тоа што секој месец од платата им се издвојуваат придонеси за здравствено.

Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од 10 години, а од 160 нови лекови одобрени од ЕУ во периодот од 2017 до 2020 година, само 11 се достапни во Македонија. Поради ова, пациентите можат да си дозволат најчесто застарени лекови кои во некои земји се исфрлени од употреба.

Сите овие предизвици, но, и можни решенија за создавање „здравство на здрав пат“, се дел од новото, 51. издание на „Лице в лице“, кое е издадено во партнерство со „Рош Македонија“.

дизајн: „Контура“

Информации за испорака: 3-5 работни денови

44 продадени во последни 3 минути

Вклучи износ за донација во својата кошничка

Твојата донација ја вложуваме во социјалната иновација Социјално менторство, преку која се менторираат продавачите на „Лице в лице“ и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд, како и во други развојни програми во рамките на нашата платформа.

Кликни на копче со износ, а потоа на копчето „Донирај за ЛВЛ“. Така во кошничката на нашата е-продавница на сајтов ќе додадеш производ донација. Потоа продолжуваш до кошничката и ја комплетираш нарачката. На крајот плаќаш со картичка.

Така, успешно ја комплетираш својата донација за „Лице в лице“. За помош, контактирајте нѐ на [email protected] или на 02 2 466 444.

100 ден
300 ден
600 ден
1,000 ден
3,000 ден
6,000 ден
24 се на оваа страна
Опис

Издвоена содржина

Херои во сенка

Во изминатава декада клучен дел во продажбата на „Лице в лице“ беше работата на мрежата партнерски организации. За предизвиците, но и за позитивните промени кај продавачите, разговараме со дел од координаторите на овие организации

Лекот за јавното здравство не е на позитивната листа на лекови

Редовното ажурирање на позитивната листа на лекови не е од корист само за пациентите туку и за целиот здравствен систем. Со ставање нови лекови на позитивната листа, здравствените власти имаат поголема контрола над буџетот и можат да избегнат негово оптоварување. Не само што им се овозможува на пациентите континуиран пристап до лековите, туку им се овозможува и на лекарите да го препишат најсоодветниот лек

Дигитализацијата ќе овозможи прегледи и од сопствениот дом

Сите услуги кај својот матичен лекар пациентот треба да ги добива електронски. Тоа значи дека веќе нема да има потреба да се печатат рецепти, упати, боледувања,потврди за различна намена и други документи. Тие ќе се изработуваат само електронски, во рамките на националниот систем „Мој термин“. Како здравствени работници, мораме во наредниот период многу повеќе да ја користиме можноста за консултации со телемедицина

Тринаесет години за 13 бројки што докажуваат дека постоиш

Многу е интересно  да имаш пред себе момче што на 19 години знае што сака да биде, што навистина сака да работи и верува дека единствен начин да си го среди животот е со работа, а не со питање. Од друга страна, гледаш и држава, многу повозрасна од него, што не му дава можност да ги реализира плановите.

Сакаме со „Камп“ да израснат свесни генерации за климатските промени и за природните убавини

Две области што нам ни се мили се едукација и заштита на природата. Нашиот профит ќе биде реинвестиран во организации и настани што се залагаат за овие области, а како социјален бизнис ќе им дадеме предност на дискриминираните да ни се придружат кон реализирање на целите, велат авторите на идејата градинка на отворено.

Услови за испорака и рефундирање

Политика за испорака

Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.

Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

Доставата на честитките/картичките во земјава чини  170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.

Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.

Враќање на производи и рефундирање на средства

Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.

Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.