#51 „Лице в лице“ – печатено издание

100 ден

Нема на залиха

12 се на оваа страна
Опис


Да го ставиме здравството на здрав пат!

Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на засегнати чинители во креирањето здравствени политики се во фокусот на 51. Издание на „Лице в лице“.

дизајн: „Контура“

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

 

Издвоена содржина:

Херои во сенка
Во изминатава декада клучен дел во продажбата на „Лице в лице“ беше работата на мрежата партнерски организации. За предизвиците, но и за позитивните промени кај продавачите, разговараме со дел од координаторите на овие организации

Лекот за јавното здравство не е на позитивната листа на лекови
Редовното ажурирање на позитивната листа на лекови не е од корист само за пациентите туку и за целиот здравствен систем. Со ставање нови лекови на позитивната листа, здравствените власти имаат поголема контрола над буџетот и можат да избегнат негово оптоварување. Не само што им се овозможува на пациентите континуиран пристап до лековите, туку им се овозможува и на лекарите да го препишат најсоодветниот лек

Дигитализацијата ќе овозможи прегледи и од сопствениот дом
Сите услуги кај својот матичен лекар пациентот треба да ги добива електронски. Тоа значи дека веќе нема да има потреба да се печатат рецепти, упати, боледувања,потврди за различна намена и други документи. Тие ќе се изработуваат само електронски, во рамките на националниот систем „Мој термин“. Како здравствени работници, мораме во наредниот период многу повеќе да ја користиме можноста за консултации со телемедицина

Тринаесет години за 13 бројки што докажуваат дека постоиш
Многу е интересно  да имаш пред себе момче што на 19 години знае што сака да биде, што навистина сака да работи и верува дека единствен начин да си го среди животот е со работа, а не со питање. Од друга страна, гледаш и држава, многу повозрасна од него, што не му дава можност да ги реализира плановите.

Сакаме со „Камп“ да израснат свесни генерации за климатските промени и за природните убавини
Две области што нам ни се мили се едукација и заштита на природата. Нашиот профит ќе биде реинвестиран во организации и настани што се залагаат за овие области, а како социјален бизнис ќе им дадеме предност на дискриминираните да ни се придружат кон реализирање на целите, велат авторите на идејата градинка на отворено.

 

Донирај за ЛВЛ