Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.
#52 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Моќна жена – подобар свет!
И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност.
Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.
Категории: Електронско издание, Поединечно издание
Донирај
Поврзани продукти
Годишна претплата на дигитално „Лице в лице“
600 ден
Со годишна претплата на дигиталното издание на „Лице в лице“ овде, на дигиталната платформа, имате пристап до сите содржини кои ги продуцира уличното списание во текот на 12 месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето.
Со секое ново издание на уличното списание, на мејл адресата која ја оставате при регистрирањето (која ја внесувате при плаќањето), ви испраќаме и информации за новостите, можности за вклучување на настани кои ги организираме и сл.
Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани.
Купувајќи годишна претплата, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин:
- кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон (овде детали за овој дел)
или
- во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.
#49 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.
Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
#41 „Лице в лице“ – eлектронска верзијa
100 ден
Списанието го добивате на вашиот мејл, кој го доставувате заедно со оваа нарачка. Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“. На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.
#44 Лице в лице – електронско издание
100 ден
„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“.
Што добивате?
– пристап на сите содржини на дигиталната платформа на „Лице в лице“ во времетраење од два месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето, со вашата мејл адреса, која ја внесувате овде при плаќањето.
Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани. Купувајќи единечно издание, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин:
– кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон. Прочитајте овде за продавачите и нивните кодови.
или
– во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
#46 Лице в лице – печатено издание
100 ден
#47 Лице в лице – печатено издание
100 ден
#50 Лице в лице – електронско издание
100 ден
#48 Лице в лице – електронско издание
100 ден
„Лице в лице“ број 48 ја носи темата партнерства за развој и позитивни промени.
Позитивни општествени промени и постигнување на Целите за одржлив развој е возможно само со заеднички напори на бизнисот, владите и граѓанските организации. Нивната меѓусебна релација е предуслов за создавање одржливи и праведни општества.
Токму ова - креирањето партнерства за развој и позитивни промени, со придобивки за сите граѓани, е клучна тема на 48. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!