Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.
Види ја кошничката “#48 Лице в лице – електронско издание” беше додаден во кошничка.
#52 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Моќна жена – подобар свет!
И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност.
Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.
Категории: Електронско издание, Поединечно издание
Донирај
Поврзани продукти
#53 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд. Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани. Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место. Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој. Електронското издание подразбира PDF верзија на списанието, кое го добивате на Вашиот профил на сајтов, и може да го симнете веднаш откако ќе ја направите нарачката.#52 Лице в лице – печатено издание
100 ден
Моќна жена – подобар свет! И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност. Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.#49 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.
Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
#47 Лице в лице – печатено издание
100 ден
#46 Лице в лице – печатено издание
100 ден
#44 Лице в лице – печатено издание
100 ден
„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“.
Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
#42 „Лице в лице – печатена верзија
100 ден
„Лице в лице“ број 42 е посветен на образованието кое ќе создава генерации со вредности, во кое наставниците континуирано ќе се развиваат професионално и ќе креираат часови кои што ќе ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците, ќе ги мотивира и ќе ги гради во индивидуалци, човечки капитал што ќе го движи општеството напред, кон одржлив развој.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
Содржината на оваа платформа е поддржана од Регионалниот ГИЗ проект за социјални права на ранливи групи по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Мислењата на платформата го претставуваат мислењето на авторите и не ги претставуваат нужно ставовите на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).