Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.
Види ја кошничката “#51 Лице в лице – електронско издание” беше додаден во кошничка.
#52 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Моќна жена – подобар свет!
И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност.
Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.
Категории: Електронско издание, Поединечно издание
Донирај
Поврзани продукти
#54 Лице в лице – електронско издание
150 ден
Овој број е посветен на новата транзиција која ни претстои – економија фокусирана на човекот
„Лице в лице“ број 54 ја носи приказната за новата работна сила, за турбуленциите на пазарот на труд и недостигот од работници коишто ги изместија работодавците, пазарот на труд и општествата, генерално.
Од една страна, се соочуваме со одлевање на работната сила, а од друга, бизнисите не успеваат секогаш да разберат што им треба на нивните вработени за да чувствуваат дека припаѓаат во работната средина.
Исто така, податоци од релевантни извори упатуваат дека вклученоста на работникот на работното место го засилува чувството на припадност во една компанија. Чувството на припадност, пак, ја засилува мотивацијата, а мотивацијата влијае на ефикасноста.
Програмите за трансформација на работната култура се дел од програмите за диверзитет и вклучување, кои стануваат сè поактуелни во западноевропските земји, пред сè, поради проблемот со недостиг од работна сила, потребата да се задржуваат талентираните луѓе и да се привлекува нов кадар. Овие програми даваат одговор на потребите на новата работна сила и го засилуваат капацитетот на менаџментот да создава услови и работна култура фокусирани на човекот.
#53 Лице в лице – електронско издание
100 ден
Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд. Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани. Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место. Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој. Електронското издание подразбира PDF верзија на списанието, кое го добивате на Вашиот профил на сајтов, и може да го симнете веднаш откако ќе ја направите нарачката.#51 „Лице в лице“ – печатено издание
100 ден
#50 „Лице в лице“ – печатено издание
100 ден
#47 Лице в лице – печатено издание
100 ден
#45 Лице в лице – печатено издание
100 ден
Лице в лице број 45: Иднината на работните места е концентрирана на човекот.
Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги.
Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!
#43 „Лице в лице“
100 ден
43-тиот број е посветен на иднината на правата на човекот.
Што добивате?
- пристап на сите содржини на дигиталната платформа на „Лице в лице“ во времетраење од два месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето, со вашата мејл адреса, која ја внесувате овде при плаќањето.
Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани. Купувајќи единечно издание, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин:
- кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон. Прочитајте овде за продавачите и нивните кодови.
или
- во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.
#41 „Лице в лице“ – eлектронска верзијa
100 ден
Списанието го добивате на вашиот мејл, кој го доставувате заедно со оваа нарачка. Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“. На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.
Содржината на оваа платформа е поддржана од Регионалниот ГИЗ проект за социјални права на ранливи групи по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Мислењата на платформата го претставуваат мислењето на авторите и не ги претставуваат нужно ставовите на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).