#56 Лице в лице – дигитално издание
150 ден (+0% ДДВ)
Овој број е посветен на темата „Млади и иднина“
„Заминуваме…
Или ќе менуваме?“
Со ова прашање го отвораме новиот, 56-ти број на „Лице в лице“.
Ова издание третира клучни прашања поврзани со иселувањето на младите, нивното учество во општествените процеси, предизвиците со кои се соочуваат и можностите што им се нудат.
Во креирањето на содржините и при продукцијата на ова издание, вклучивме млади луѓе. Преку нивните искуства, ја пренесуваме темата „од прва“ рака. Вклучивме и експертски анализи, општествени согледувања, интервјуа на успешни приказни на млади кои се избориле со неприликите, инспиративни бизниси и многу други содржини.
Списанието се фокусира и на решенија. Објавуваме инспиративни приказни и анализи, разговараме за начините на кои младите можат да останат, да се вклучат и да придонесат кон подобро општество.
Заедно со новото издание, го промовираме и новиот сегмент на нашата веб платформа, кој претставува интерактивна галерија на илустрации. Некои од нашите најпознати уметници – илустратор(к)и и дизајнер(к)и креираа дела кои ја илустрираат оваа тема.
Информации за испорака: 3-5 работни денови
Овој број е посветен на темата „Млади и иднина“
„Заминуваме…
Или ќе менуваме?“
Со ова прашање го отвораме новиот, 56-ти број на „Лице в лице“.
Политика за испорака
Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на честитките/картичките во земјава чини 170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
Враќање на производи и рефундирање на средства
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.
